Мартина Михајловска за стилот и убавината: „Не правам козметички третмани на лице, никогаш не сум облекла тренерки“

Начин на исхрана

„Кога се зборува за храната, морам да признаам дека сум голем гурман и во последно време многу често знам да ги соберам моите најблиски и да им зготвам некој специјалитет.

Главно јадам премногу овошје и зеленчук, сакам и домашна храна и понекогаш онаа брза и не многу здрава.

martina-mihajlovska-za-negata-i-ubavinata-ne-pravam-kozmetichki-tretmani-na-lice-nikogash-ne-sum-oblekla-trenerki-11.jpg

Колку што ми дозволува брзото темпо на живот, толку и внимавам на исхраната.

Сепак, настојувам да биде редовна и здрава.

Досега не сум се водела по строги режими и диети за исхрана, за моја среќа, и јадам буквално сè. Веројатно тоа се должи на генетиката“.

martina-mihajlovska-za-negata-i-ubavinata-ne-pravam-kozmetichki-tretmani-na-lice-nikogash-ne-sum-oblekla-trenerki-08.jpg

Фитнес и спортување

„Тоа потпирање на генетиката, се надевам ќе ми потрае. Па така, и околу физичката активност не сум воопшто принципиелна.

Никако не можам да излезам од удобноста и да се препуштам на фитнес рутина, посебно не во теретана.

Би сакала многу да стекнам навика, но некако тешко ми оди.

martina-mihajlovska-za-negata-i-ubavinata-ne-pravam-kozmetichki-tretmani-na-lice-nikogash-ne-sum-oblekla-trenerki-06.jpg

Во домашни услови практикувам кратки јога вежби за дишење и медитација кои помагаат доста во менталното и физичкото здравје.

Секојдневните активности и прошетки со моите деца ме одржуваат доста активна, па дури и повеќе од одење во теретана“.

martina-mihajlovska-za-negata-i-ubavinata-ne-pravam-kozmetichki-tretmani-na-lice-nikogash-ne-sum-oblekla-trenerki-15.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Калтрина за стилот и убавината: „Порано броев калории, но веќе не се лишувам од храна за да имам вит... „За убаво и негувано лице клучна е генетиката, а јас, за среќа, имам добри ...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg