Третмани за убавина кои треба да ги направите пред одмор за да изгледате совршено на плажа
Депилација наместо бричење или ласерско отстранување влакна
Ако правите третман со ласерско отстранување на влакната, нема да смеете да ја изложувате кожата на сонце извесен период.
Истовремено, не треба да ја изложувате кожата на сонце и недела-две пред третманот.
Бричењето, пак, дава краткотрајни резултати, односно ќе треба да се бричите секој ден додека сте на одмор.
Затоа, најдобро е да ги издепилирате влакната.
Не претерувајте со пилинзи
Немојте да правите многу третмани за кожа пред да одите на одмор.
За повеќето третмани ќе треба да ја штитите кожата од сонце некој период потоа.
Немојте и да користите многу груби пилинзи бидејќи можат да ја иритираат кожата, а со излегувањето на сонце, оваа иритација ќе се влоши.
Офарбајте ја косата порано
Немојте да ја фарбате косата ден-два пред да одите на одмор. Фарбата ја суши косата, а ако веднаш по фарбање ја изложувате на сонце, дополнително ќе ја исушите.
Исто така не експериментирајте со бои пред да одите на одмор, особено не со многу светло руса.
Ако одите на базен, имајте на ум дека многу светлата фарба може да добие зеленкаста нијанса од хлорот.
Користете лосион за самопотемнување
Ова е индивидуален избор и не е нешто задолжително.
Ако имате многу бела кожа и не сакате така да се појавите на плажа, неколку дена пред одморот почнете да користите лосион за самопотемнување.
Овој лосион ќе ви помогне и да го изедначите тенот, односно да ја намалите видливоста на линиите од костимот за капење по сончање.
Само внимавајте рамномерно да го нанесувате за да не ви се направат темни дамки по телото.
Секако, на плажа задолжително користете крем со висок фактор.
Спирова С. | Црнобело