Чекор по чекор упатства: Како сами да се потстрижите + да си направите фризури?

Како најлесно сами да си ги потстрижите шишките, а да не се каете за тоа? И знаете ли како се прават совршени кадрици? Овие трикови ќе ви помогнат...

chekor-po-chekor-upatstvo-kako-sami-da-se-potstrizhite-da-si-napravite-frizuri-01.jpg

Имате долга коса и сакате да ја освежите, да скратите само 2-3cm. Но, знаете и дека ако одите на фризер ќе ви скратат барем 5cm, бидејќи вашите 2cm и оние на фризерот не се мерат исто... Па како да се потстрижите сами?

За среќа, постојат трикови и лесни начини со кои косата можете да си ја средите самите, а да делува како да сте биле на фризер.

Напомена: Доколку не сте талентирани за вакви работи, подобро не експериментирајте и посетете експерт. 

Кадрици без виклери

Што ви треба?

  • Шноли за коса
  • Картонски ролни од тоалетна хартија

Како да направите кадрици?

Ако ви е косата сува, малку навлажнете ја. Поделете ја на онолку дела колку што имате картонски ролни од тоалетната хартија.

Секој прамен коса навикајте го на картонската ролна (како со виклер), па фиксирајте го со по 2-3 шноли (за да не ви се растури).

Држете ги ролните барем 3-4 часа на главата (можете и да ја издувате косата со фен за подобар ефект).

Кога ќе ги тргнете шнолите и отпуштите картонските ролни, косата ќе ви биде во благи кадрици.

chekor-po-chekor-upatstvo-kako-sami-da-se-potstrizhite-da-si-napravite-frizuri-02.jpg

chekor-po-chekor-upatstvo-kako-sami-da-se-potstrizhite-da-si-napravite-frizuri-04.jpg

Кадрици со цедалка-сито

Што ви треба?

  • Голема цедалка-сито
  • Фен

Како да направите кадрици?

Измијте ја косата. Земете ја цедалката-сито и ставете еден прамен од косата во неа (како на фотографијата.

Дувајте со фенот додека целосно не се исуши праменот.

Повторете ја постапката со целата коса и за кратко време ќе имате фризура со кадрици.

chekor-po-chekor-upatstvo-kako-sami-da-se-potstrizhite-da-si-napravite-frizuri-03.jpg

Потстрижете ја сами долгата коса

Што ви треба?

  • 3 ластичиња
  • Остри ножички

Ако имате многу долга коса, можете да ја потстрижите сами (но само кога сакате косата да ви е рамна).

Спојте ги предните прамени коса од левата и десната страна на главата под подбрадокот, па префрлете ги преку главата (како на фотографијата).

Останатата коса на истиот начин (поделена на пола од левата и десната страна) врзете ја во опавче под брадата.

Додајте уште еден стегач скоро на врвот на опавчето, па почнете да ја кратите косата во рамна линија.

Сега префрлете го нанапред и опавчето што го префрливте зад главата, допрете го до косата што веќе ја скративте и почнете да шишате (на овој начин косата ќе ви биде рамна и секаде со едаква должина).

На крајот, префрлете ги прамените коса преку показалецот и скратете ги влакната што стрчат.

chekor-po-chekor-upatstvo-kako-sami-da-se-potstrizhite-da-si-napravite-frizuri-05.jpg

chekor-po-chekor-upatstvo-kako-sami-da-se-potstrizhite-da-si-napravite-frizuri-06.jpg

Рамни шишки

Што ви треба?

  • Проѕирен селотејп
  • Остри ножички

Врзете ја косата во опавче. Исчешлајте ги шишките надолу и преку нив ставете парче селотејп.

Со рацете притиснете нежно за селотејпот да се залепи за косата.

Сега почнете да сечете по должината што сакате да ја добиете - косата ќе стои на место и нема да ви „бега“ на некои влакна да се подолги, а други покуси.

Откако ќе ја скратите косата, отстранете го селотејпот.

chekor-po-chekor-upatstvo-kako-sami-da-se-potstrizhite-da-si-napravite-frizuri-08.jpg

chekor-po-chekor-upatstvo-kako-sami-da-se-potstrizhite-da-si-napravite-frizuri-07.jpg

Секако, не очекувајте со овие трикови да добиете загарантирано добра фризура како да сте излезени од фризер. 

Потребно е сепак малку да сте вешти во ова, па немојте да правите голем ризик со големи сечења на косата и сл. 

Препорачливо е секогаш да посетите фризер, а овие трикови да ги користите во екстремни ситуации. 

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
5 летни фризури кои веднаш ќе ве подмладат Понекогаш треба само малку храброст да ја замените фризурата што ја носите со го...
9 (ризични) фризури кои не им стојат добро на сите Многу кратката боб фризура ќе треба постојано да ја стилизирате, а и се чини дек...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg