Трикови со кои холивудските дами ги кријат белите влакна без да ја фарбаат косата (а можете да ги копирате)

Волуменозни фризури, украси за коса, плетенки околу целата глава - холивудските дами често ги користат овие едноставни трикови со кои седите влакна не им се забележуваат.

trikovi-so-koi-holivudskite-dami-gi-krijat-belite-vlakna-bez-da-ja-farbaat-kosata-a-mozhete-da-gi-kopirate-01.jpg

Најлесниот начин да се ослободите од белите влакна е со фарбање на косата. Но, што ако имате само неколку седи влакна низ целата коса или ако косата ви е само малку подрасната бидејќи сте ја фарбале пред недела-два и сè уште е многу рано за ново бојадисување?

Холивудските дами често ги користат овие едноставни трикови, па иако имаат седи влакна, тие не се забележуваат.

Сменете ја линијата на патецот

Белите влакна вообичаено се најизразени на патецот.

Па, ако не можете (или не сакате) да се фарбате, тогаш сменете ја линијата на патецот и веднаш ќе го решите проблемот со белите влакна што ѕиркаат.

trikovi-so-koi-holivudskite-dami-gi-krijat-belite-vlakna-bez-da-ja-farbaat-kosata-a-mozhete-da-gi-kopirate-05.jpg

Направете плетенка околу целата глава

Ако имате долга коса, седите влакна ќе можете да ги скриете со волуменозна плетенка, која ќе ја врзете околу целата глава (како на фотографиите).

Обичната плетенка нема да ги скрие побелените влакната, таа во ваков случај не е решение.

trikovi-so-koi-holivudskite-dami-gi-krijat-belite-vlakna-bez-da-ja-farbaat-kosata-a-mozhete-da-gi-kopirate-06.jpg

Користете аксесоари

Ако косата не ви е доволно долга за да ја сплетете во плетенка, или ако не ви се допаѓа тој стил, седите влакна можете да ги скриете со венчиња, шноли или украси за коса.

На овој начин, освен што ќе изгледате елегантно, ќе ги скриете и белите влакната што ви пречат.

trikovi-so-koi-holivudskite-dami-gi-krijat-belite-vlakna-bez-da-ja-farbaat-kosata-a-mozhete-da-gi-kopirate-02.jpg

Изберете фризура со волумен

Во никој случај не ја залижувајте косата и не ја собирајте во опавче, бидејќи оваа фризура лесно ги открива седите влакна.

Наместо тоа, направете фризура со волумен, која ќе ги покрие седите делови од косата.

trikovi-so-koi-holivudskite-dami-gi-krijat-belite-vlakna-bez-da-ja-farbaat-kosata-a-mozhete-da-gi-kopirate-04.jpg

Обојте ги белите влакна со сенка, маскара или спреј за коса

Понекогаш најлесниот начин да ги покриете седите влакна е да ги обоите со сенка за очи.

Можете да користите и маскара за очи или, пак, да ги испрскате влакната со спреј за коса (доколку најдете нијанса која е соодветна на вашата боја на коса).

trikovi-so-koi-holivudskite-dami-gi-krijat-belite-vlakna-bez-da-ja-farbaat-kosata-a-mozhete-da-gi-kopirate-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
5 летни фризури кои веднаш ќе ве подмладат Понекогаш треба само малку храброст да ја замените фризурата што ја носите со го...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg