9 грешки при шминкањето кои ви додаваат години
Сјајна сенка преку целото око
Не претерувајте со сјајните сенки.
Сјајот се додава само на внатрешната страна на очниот капак, во близина на носот.
На надворешната страна на капакот ставете мат сенки или неутрални бои.
Црна маскара на светло лице и коса
Ако имате светла кожа и очи, а притоа косата ви е руса, шминкерите препорачуваат да ја избегнувате црната маскара, зашто ќе ви додаде неколку години на лицето.
Наместо тоа изберете кафена маскара, која ќе ви ги нагласи очите, но лицето ќе ви остане нежно.
Не претерувајте со бронзерот
Многу е лесно да нанесете премногу бронзер на лицето, но тоа е и многу погрешно.
Експертите советуваат да нанесете само малку бронзер на јаболчиците, брадата и челото и да го задржите природниот изглед на лицето.
Силно дефинирано моливче на усните
Кога избирате моливче за уста, најважна е нијансата што ќе ја купите.
Ако моливчето е неколку нијанси потемно од карминот, устата може да ви делува премногу остро.
Затоа комбинирајте моливче и кармин кои се со слична нијаса, а потоа со четкичка за кармин можете да преминете преку рабовите на усните и да ги намалите острите линии од моливчето.
Никогаш не ставајте само сјај за усни
Иако некои жени повеќе сакаат сјај за усни од кармин, експертите велат дека никогаш не треба да ставате само сјај на усните.
Тие препорачуваат да употребите три производи одеднаш – прво балсам за усни, над него кармин во неутрална боја, а дури потоа да нанесете сјај.
А. Ј. | Црнобело