9 грешки при шминкањето кои ви додаваат години
Ако имате светла кожа и очи, а притоа косата ви е руса, шминкерите препорачуваат да ја избегнувате црната маскара, зашто ќе ви додаде неколку години на лицето.
Секоја жена знае дека колку и да се труди кога се шминка, доволно е да направи една грешка и целиот труд да ѝ падне во вода.
Експертите велат дека постојат неколку грешки што жените ги прават додека се шминкаат, а поради кои изгледаат постаро од она што се навистина.
Прочитајте каде (најверојатно) грешите и како можете да се коригирате за да не си додавате години на изгледот:
Темен кармин
Карминот во темни нијанси иако може да делува убаво, најчесто додава неколку години на вашето лице.
Затоа шминкерите препорачуваат посветли бои, кои ќе ја нагласат вашата убавина.
Но, ако инсистирате на темен кармин, тогаш останатата шминка треба да ви е посветла или неутрална.
Шминка нанесена на сува кожа на лицето
Шминката која се става на сува кожа не изгледа толку убаво како шминката што се нанесува на хидрирана кожа.
Според експертите најважно е пред да нанесете нешто на лицето, односно прво да ставите хидратантна подлога – ова е клучот за совршена шминка.
Премногу силно моливче за веѓи
Многу жени ги исцртуват веѓите со моливче, особено ако влакненцата им се светли или тенки.
Но, ако ставите премногу силно моливче, крајниот резултат може да делува неприроден.
Добра алтернатива е кафеава сенка за очи, која можете да ја нанесете со четка врз веѓите, а вие ќе добиете поприроден изглед.
Не нанесувајте сенка со широка четка или апликатор
Повеќето жени сенките ги нанесуваат со апликатор или со првата четка што ќе им дојде под рака.
Престанете да го правите тоа и купете тенка четка со куси влакненца со која ќе ја нанесете сенката попрецизно.