Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Девојка од Холандија: „Имав комплекс поради големото чело, па си направив трансплантација на коса - како поминав?“

„Отсекогаш сум имала проблем со моето големо чело, бев возбудена кога лекарот ја нацрта линијата и не забележав дека направив грешка“ – вели во нејзините видеа Холанѓанката која редовно споделува видеа и покажува што можете да очекувате по трансплантацијата на коса.

zhena-33-iskreno-za-transplantacijata-na-kosa-vlaknata-gi-vadat-od-zadniot-del-na-glavata-no-napraviv-edna-greshka-01_copy.jpg

Голем број жени и девојки што имаат високо чело, мака мачат како да го скријат овој свој недостаток, а оваа жена од Холандија (33) одлучила да потроши 3.000 евра за еднаш засекогаш да го реши овој проблем, заради кој не се чувствувала самоуверено.

zhena-33-iskreno-za-transplantacijata-na-kosa-vlaknata-gi-vadat-od-zadniot-del-na-glavata-no-napraviv-edna-greshka-02.jpg

Холанѓанката Соња ван дер Берг на социјалните мрежи редовно објавува видеа од периодот по трансплантацијата на косата, а целта ѝ е како што вели, да го разбие митот дека тоа е естетска процедура што е резервирана само за мажите.

„Отсекогаш сум имала проблем со моето големо чело и штом дознав за третманот на пресадување коса знаев дека тоа е вистинскиот за мене“ – раскажува таа во едно од своите видеа.

zhena-33-iskreno-za-transplantacijata-na-kosa-vlaknata-gi-vadat-od-zadniot-del-na-glavata-no-napraviv-edna-greshka-03.jpg

Соња информира дека операцијата ја направила во Холандија, а појаснува и како се одвива процесот и од каде обично се земаат влакната за пресадување.

„Земаат фоликули од задниот дел на косата, за да не се забележи дека недостасуваат. Лекарот нацрта линија, а јас од возбуда веднаш прифатив.

Тоа ми беше единствената грешка, доцна забележав дека линијата не изгледа доволно природно“ – вели таа во видеата, но признава дека не се кае.

zhena-33-iskreno-za-transplantacijata-na-kosa-vlaknata-gi-vadat-od-zadniot-del-na-glavata-no-napraviv-edna-greshka-04.jpg

Инаку, претходно Соња размислувала за пластична операција за смалување на челото, но вели дека станува збор за процедура што е многу поопасна од трансплантацијата на коса и не ѝ се допаѓало тоа што морала да биде под целосна анестезија.

zhena-33-iskreno-za-transplantacijata-na-kosa-vlaknata-gi-vadat-od-zadniot-del-na-glavata-no-napraviv-edna-greshka-05.jpg

Погледнете неколку фотографии и видеа од Соња во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 мажи чиј лик потполно се смени со новата фризура (фото) Едни пуштаат коса, други ја бричат главата бидејќи почнале да ќелават, а трети с...
12 дами кои покажаа дека се убави и со седа коса (и не се срамат од белите влакна) „Имам 34 години и веќе 18 месеци ја растам седата коса - никогаш не сум имала по...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
10 фризури за дотерување за девојки со долга коса Високо кренато опавче со крупни кадрици, волуменозни кадрици - кои фризури ќе би...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Боја на коса која ќе биде хит во 2025 – за дамите кои сакаат луксузен и богат изглед Впечатлива и богата, а истовремено топла и пријатна чоколадна нијанса е бојата к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg