11 фото докази дека свадбата може да ви биде бајковита и без да потрошите цело богатство
„Сама си направив торта и колачи за свадба. Беше многу стресно, но вредеше секоја секунда!“ - луѓе споделуваат како на креативен и уникатен начин си ја направиле свадбата од соништата, без да потрошат богатство.
Многу парови сонуваат за бајковита свадба, a за големиот ден посакуваат да го имаат најдоброто, без да штедат.
Сепак, кога ќе дојде на ред вистинското планирање, многумина сфаќаат дека од некои задоволства и луксузи ќе мора да скратат со цел да не дадат цело богатство.
Но, не очајувајте. Магијата не секогаш е во скапите и луксузни нешта, туку и во емоцијата, креативноста и уникатноста.
Старата венчаница на вашата мајка или баба може да биде ваша, искористете ја својата креативност за сами да декорирате, или пак сами да си го направите бидермаерот – зошто да не?