Вработена во салон за венчаници открива: За што најмногу грешат и жалат невестите?

Се фокусирате на само еден дел од венчаницата, одите во продавница со многу луѓе и продолжувате да разгледувате венчаници дури и откако ќе ја купите вашата.

Soveti-za-nevestinski-fustani-01.jpg

Жена која работела седум години во салон за венчаници, во тој период им помогнала на многу жени да го пронајдат совршениот фустан за денот кој вечно ќе го паметат.

Но, она што таа го забележала се неколку грешки при изборот на венчаница, поради кои нејзините клиенти подоцна се покајале.

Кои се овие грешки?

Сте отишле со премногу луѓе на шопинг

Купувањето или изнајмувањето венчаница може да биде многу забавно, но и доста интимно искуство. Додека некои невести уживаат во енергијата на своите пријателки или семејството, на други им е тешко да ги споделат сопствените импресии и мисли со останатите луѓе.

Ова може да доведе до фрустрирачко и исцрпувачко искуство за невестата при одлуката за избор на венчаница.

Сè уште разгледувате фустани и покрај тоа што ја најдовте венчаницата од соништата

Искушението да продолжите да гледате венчаници откако ќе го најдете својот фустан не е толку невообичаено. Има толку многу убави фустани, многу профили на Инстаграм посветени на свадби и модни додатоци. 

Освен тоа, секогаш во заднина поминува мислата дека постои фустан кој е посовршен од оној што веќе сте го купиле.

Затоа, најдобриот совет е да си го почитувате изборот што сте го направиле. Секогаш ќе има убави фустани, но вашата венчаница е една и единствена и најважно – ваша.

vraboteni-vo-saloni-za-venchanici-otkrivaat-za-shto-najmnogu-greshat-i-zhalat-nevestite-03.jpg

Премногу се фокусирате на еден детаљ од фустанот

Ако премногу се фокусирате на одредена карактеристика на фустанот – без разлика дали се работи за обликот на деколтето, бојата на чипката или ракавите, тоа често го доведува во прашање вашиот избор.

Венчаниците не се нешто што го купуваме секој ден, па фокусирањето на карактеристиките кои не ги носите често, како долг воз или корсет со бисери, е сосема нормално.

Ако сè уште се двоумите за одредени аспекти на вашиот фустан, разговарајте со продавачите, бидејќи тие ќе можат да ви покажат други опции и да ви понудат соодветни решенија.

Имате впечаток дека премногу брзо сте го избрале фустанот

Сте посетиле една или две продавници и веќе сте изнајмиле или купиле фустан. Но, сега се чувствувате како прерано да сте ја донеле одлуката.

Но, треба да го почитувате тоа чувство и тоа што венчаницата толку многу ви се допаднала кога сте ја одбрале. Секогаш треба да си го следите сопствениот инстинкт. Понекогаш и првиот избор е – вистинскиот избор.

vraboteni-vo-saloni-za-venchanici-otkrivaat-za-shto-najmnogu-greshat-i-zhalat-nevestite-02.jpg

Барате фустан според вкусот на другите луѓе

Од моментот кога ќе се верите, добивате многу несакани мислења - од тоа каде треба да се омажите, до тоа кој треба да биде гостин на вашата свадба.

Овие мислења лесно можат да се преточат во предлози за типот на венчаница што треба да ја изберете. Вашиот вереник сака секси фустан, вашата идна свекрва сака нешто класично со чипка, сестра ви која се омажила пред пет години сака да ја преправите нејзината венчаница – притисокот да ги задоволите сите овие мислења може да биде силен, особено кога доаѓаат од толку важни луѓе во вашиот живот.

Разликата помеѓу невеста во фустан што го купила под притисок и невеста во фустан што навистина ја прави среќна е неверојатно опиплива. Носете го она што ви носи радост.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за венчаници за невестите со облини кои се тренд оваа пролет Девојките со „некој килограм плус“ не треба да се грижат, зашто постојат одлични...
„Јас сакам свадба со 10 гости, а свекрвата веселба со прием во ресторан – Како животот со партнерот ... „Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме....
Каква венчаница да одберете според вашето тело + совети од Вера Ванг за совршен избор Секогаш треба да се водите од тоа каков е обликот на вашето тело па според тоа д...
Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
10 модели на венчаници кои ќе бидат хит во 2024 година Шарени цветови, впечатливи деколтеа, одвоени ракави … погледнете ги овие доминан...
5 предлози за невестински маникир кои ќе бидат хит во 2024-та Светло розовите нокти се женствени и ќе бидат популарен избор во 2024&...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg