Венчаница од скршени огледала, боса невеста, тајни церемонии – 11 највпечатливи свадби од 2021 (фото)
По низата трагедии во нејзиното семејство, смртта на таткото, смртта на бабата и дедото, Ајви Гети, која важи за една од најбогатите наследнички во светот, го скрши проклетството и се омажи за своето момче фотографот Тобијас Александар Енгел во венчаница од парчиња огледала.
Медоу Вокер, ќерката на Пол Вокер, се омажи за нејзиното момче – актерот Луис Торнтон-Алан. На венчавката присуствуваше и добриот пријател на нејзиниот татко, Вин Дизел, кој ја однесе и до олтарот.
Поранешната членка на Spice Girls, Ема Бантон по 21 година заеднички живот одлучи и официјално да стапи во брак со нејзиниот партнер Џејд Џоунс.
Британскиот премиер Борис Џонсон во тајност се ожени за Кери Симондс. На свадбата присуствуваа околу 30-тина гости, но сите беа вчудовидени од хипи стајлингот на Кери, која се фотографираше боса.
Внуката на принцезата Дијана, Кити Спенсер иако не е толку славна, сепак имаше свадба што е достојна на принцеза. Таа се омажи за Мајкл Луис (62) што е двојно повозрасен од неа, во италијански замок од 17-иот век.
Малала Јусуфзаи стапи во брак со својот сакан Ашер Малик. Таа е најмладата добитничка на Нобелова награда, активистка со диплома од Оксфорд и девојка која е инспирација за целиот свет.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Кул идеи како да подарите пари за свадба, а да не бидат во класично плико (фото)
Кога сакате да подарите пари на младенците за свадба, но премногу ви е клише тоа...

„Јас сакам свадба со 10 гости, а свекрвата веселба со прием во ресторан – Како животот со партнерот ...
„Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме....

Најубавите свадби во 2024 година објавени на CRNOBELO
Од интимната венчавка на водителката Ведрана Ѓорѓевиќ, преку раскошната свадба в...

Идеи за живописни бидермаери ако вашата свадба е во есен
Рози во комбинација со суви цветови, трева во повеќе нијанси, далии, хризантеми ...

Комбинации на бои кои ќе ја направат совршена вашата есенска свадба
Есента со себе носи многу промени и нови почетоци, а ако сте од оние парови кои ...
-->