Раскошна свадба на внуката на принцезата Дијана - Се омажи за милијардер двојно постар од неа, смени 5 венчаници
- Детали
- понеделник, 26 јули 2021
Внуката на принцезата Дијана, Кити Спенсер иако не е толку славна, сепак имаше свадба што е достојна на принцеза. За неа велат дека најмногу потсетува на прерано починатата принцеза, а за време на церемонијата носеше пет раскошни венчаници.
Кити се омажи за нејзиниот избраник што е двојно повозрасен од неа. Свадбата во која Кити (30) и милијардерот Мајкл Луис (62) го кажаа судбоносното „ДА“ се одвиваше во италијански замок од 17-иот век.
Кити е најстарата ќерка на братот на принцезата Дијана, Чарлс Спенсер, од бракот со неговата прва сопруга Викторија Локвуд. Таа за време на свадбата носеше вкупно пет венчаници зад кои стоеше потписот на Dolce & Gabbana.
Сепак, таа на свадбата не ја носеше тијарата што е карактеристична за нејзиното семејство и којашто на своите свадби ја носеа нејзината мајка во 1989-тата година, како и нејзината тетка, принцезата Дијана кога се омажи за принцот Чарлс во 1981-та година. На свадбата не присуствуваше нејзиниот татко.
Исто така, на нејзината свадба не беа присутни ниту нејзините братучеди од кралското семејство, принцот Вилијам и Хари.
Во продолжение погледнете повеќе фотографии од тоа како изгледаа венчаниците на Кити:
Б. С. Б. | Црнобело