Со венчаница од парчиња огледала го скрши семејното проклетство – која е наследничката на некогаш најбогатиот човек?
- Детали
- петок, 12 ноември 2021
По низата трагедии во нејзиното семејство, смртта на таткото, смртта на бабата и дедото, Ајви Гети, која важи за една од најбогатите наследнички во светот, го скрши проклетството и се омажи во венчаница од парчиња огледала.
Ајви Гети (26) е познатата наследничка на американскиот милијардер и сопственик на компанија за нафта, Жан Пол Гети. Тој е нејзин прадедо.
Ајви е позната како модна блогерка, инфлуенсерка, актерка и модел, а богатството на нејзиното семејство се проценува дека во моментов „тежи“ помеѓу 1 и 3 милијарди долари.
Ајви привлече внимание со нејзината свадба со фотографот Тобијас Александар Енгел што се случи на 6-ти ноември годинава, откако судбоносното „Да“ го кажа во венчаница од парчиња огледала, креирана од Џон Галијано.
Дел од медиумите коментираат дека со свадбата Ајви конечно го скршила проклетството на нејзиното семејство, која се случува по големиот број трагедии.
Свадбата беше тридневен настан, а се одржа една година по смртта на нејзиниот татко, музичарот Џон Гилберт Гети, кој почина минатата година на 20-ти ноември од прекумерно количество на дроги во организмот.
Џон не бил мошне посветен како родител, а нејзината мајка Алиса Џевелс исто така била отсутна од нејзиниот живот, па така за богатата наследничка се грижеле нејзината баба Ен и дедо ѝ Гордон Гети.
Освен што го загубила татко ѝ, минатата година Ајви ја загубила и баба ѝ Ен, која починала од срцев удар.
Но, по големиот број трагедии и несреќи, на богатата наследничка очигледно ѝ се насмевна среќата.
Ајви, во интервју за Vogue појасни дека изборот на венчаницата и накитот што го носела на свадбата биле обид да им оддаде почит на нејзините баба и дедо, како и на членовите од семејството што не можеле да бидат присутни на нејзиниот најважен ден.
„Мошне беше тешко што двајцата најважни луѓе не можеа да присуствуваат на мојата свадба“ – речe таа.
Појасни дека го избрала Џон Галијано да ѝ го изработи фустанот, затоа што тој редовно ги креирал фустаните на нејзината баба, а во бурмата со плав сафир која припаѓала на мајката на нејзиниот сопруг Томас, се вклучени и дијаманти од нејзината баба.
Погледнете повеќе фотографии од венчаницата на Ајви во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





