Емотивен момент: Невеста, која е инвалид, зачекори со помагало кон олтарот – младоженецот плаче (видео)
Со солзи и неверување Џеј Блумфилд ја гледаше својата сакана Челзи Хил, која е парализирана во долниот дел од телото, како чекори кон олтарот на денот на нивната свадба.
Џеј Блумфилд (34) од Лос Анџелес со неверување и со солзи во очите изреагира на изненадувањето што неговата сопруга Челзи Хил (29) му го приреди на нивната свадба.
Како што вели Челзи, Џеј всушност мразел изненадувања, но тоа не ја спречило да го спроведе својот план и да зачекори кон олтарот – со што истовремено го остварила и сопствениот сон.
Хил вели дека отсекогаш сонувала да чекори кон олтарот на денот на нејзината свадба.
„Сакам да нагласам дека нема ништо лошо во тоа да седите во вашата количка, но додека растев, секогаш се замислував себеси како чекорам кон олтарот.
Не ми беше поентата да докажам дека инвалидитетот нешто ми одземал – туку сакав да се гледам очи во очи со него. Тоа мошне ми беше важно“ – вели таа.
Таа користела протези за нозете и помагало за одење за да го оствари сопствениот сон, a нејзината венчаница била направена со посебен долен дел што можел да се отстрани со цел да ѝ се олесни преместувањето од и во инвалидската количка.
Реакцијата на Џеј кога ја гледа како зачекорува кон олтарот, придружувана од нејзиниот татко, е доловена и во видеото што е објавено на ТикТок.
@ashajpg she said she dreamed of the day she’d look her husband in the eye on their wedding day, and she did that ?
♬ In This Shirt - The Irrepressibles
Хил вели дека чекорењето кон олтарот бил еден од нејзините омилени мигови во свадбата.
„По несреќата не бев сигурна дека ќе најдам некого што вистински ќе ме сака. Ти ме прифати во целост, ме почитуваш и ги сакаш сите делови од мене“, му рече Челзи на Џеј во нејзините завети.
Челзи остана на нозе и за време на првиот брачен танц, а вели дека тоа бил „посебен“ миг за нив.
Хил во целост е парализирана од половината надолу од 2010-та година. Таа е извршен директор и основач на The Rollettes, танчерска група за лица со инвалидски колички во Лос Анџелес, но и гласноговорник за потребите на лицата со инвалидитет, a на Инстаграм има околу 168.000 следбеници.
Нејзиниот сопруг Џеј Блумфилд изработува инвалидски колички. Тие двајцата се запознале на настан за технологија за поддршка на лицата со инвалидитет во 2014-та година и оттогаш се заедно.
Б. С. Б. | Црнобело