„Ја криевме свршувачката 9 месеци и организиравме свадба изненадување - не сакавме никој да ни се меша“
„Сакавме приватност за време на планирањето на свадбата и не сакавме никој да ни се меша во плановите. Многу парови по свршувачката добиваат совети и мислења за организацијата на свадбата и ние сакавме да го избегнеме тој стрес“, вели пар од Пенсилванија.
Ејми (27) и Рајан Нолан (27) од Пенсилванија се венчале во мај 2021 на свадбена церемонија, која била изненадување за сите гости.
Тие се свршиле уште во август 2020 година и не кажале никому за тоа 9 месеци.
Нивните гости не знаеле дека ќе присуствуваат на свадба, сè додека не пристигнале на местото на настанот.
За запросувањето Ејми вели: „Тоа беше убав миг помеѓу нас двајцата и никој не знаеше за тоа.“
Таа открива дека тие и претходно зборувале како сакаат да изгледа нивната свадба и дека двајцата сакале да го избегнат стресното планирање на свадбата кога сите се мешаат и ве прашуваат што, како и каде ќе биде.
Тие велат дека поучени од стресните ситуации со свадби на нивни блиски луѓе, одлучиле да направат сè сами и во тајност.
„Сакавме приватност за време на планирањето на свадбата и не сакавме никој да ни се меша во плановите“, велат тие.
Кога ги поканиле гостите на свадбата им кажале дека станува збор за прослава по повод роденденот на Рајан и неговата сестра близначка.
Ејми сама одела да бира венчаница, а во организацијата на свадбата им помогнала специјална компанија за организирање на настани, која тие ја ангажирале.
Ејми открива дека било тешко да се задржи во тајност планирањето на свадбата затоа што секојпат кога оделе кај нивните блиски луѓе таа морала да памети да го извади свршеничкиот прстен.
Таа дури се преправала дека е фрустрирана затоа што Рајан уште не ја запросил, кога блиските ѝ велеле зошто не ја запросува по толку години заедно.
Парот вели дека поради избегнатиот стрес околу организацијата, си поминале прекрасно на свадбата и биле многу среќни и релаксирани.
„Многу парови по свршувачката добиваат совети и мислења за организацијата на свадбата и ние сакавме да го избегнеме тоа и среќни сме што успеавме“, велат Ејми и Рајан.
Повеќе фотографии од нивната свадба:
С. С. | Црнобело