Која е кумата, која е невестата? Српска јутуберка стана мета на критики поради изборот на фустан за свадба
Српскиот актер Урош Јовчиќ викендов стапи во брак со шпанската инфлуенсерка Џени Мартин. Тие стапија во брак во интимна церемонија, но кумата не издржа, па објави фотографии на Инстаграм со кои ги изненади сите.
Општо познато правило е дека кога се оди на нечија свадба не треба да одите облечени во бело, за да не ја засените невестата, но оваа српска јутуберка очигледно не го почитува ова непишано правило.
Српскиот актер Урош Јовиќ и шпанската инфлуенсерка Џени Мартин која е на нашата јавност ѝ е позната по улогата во филмот Монтевидео викендов стапија во брак во интимна церемонија, а српската јутуберка Леа Станковиќ беше кума на свадбата.
Но, кога кумата ги објави фотографиите на Инстаграм веднаш почнаа коментарите за тоа дека таа е сосема несоодветно облечена.
На фотографиите каде таа е фотографирана заедно со невестата Џени, едноставно не можете да препознаете која од нив двете е невестата, а која е кумата.
На социјалната мрежа Твитер веднаш се појавија коментари од типот дека не станува збор за „Колективна венчавка“.
Еден друг корисник на социјалната мрежа пак успеа да најде и една постара фотографија од Леа, каде се гледа дека таа навистина има проблем кога станува збор за изборот на фустан за свадба.
Повеќе фотографии од Леа Станковиќ во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело