Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Модни додатоци за коса кои совршено го комплетираат невестинскиот изглед

Најдоброто нешто во врска со додатоците за коса е тоа што тие навистина го комплетираат вашиот невестински изглед, особено ако се одлучите за едноставен накит и чевли коишто нема да се гледаат под вашиот фустан.

Modni-dodatoci-za-kosa-koi-sovrsheno-go-kompletiraat-nevestinskiot-izgled 01 630x330.jpg

Без разлика дали сте модерна или традиционална невеста, додатоците за коса се категорија којашто не треба да се занемари, тие во основа претставуваат накит за вашата коса.

Во продолжение за вас ги издвоивме најбараните тренд-додатоци за 2021 година кои сосема ќе го освежат вашиот невестински изглед:

Букет цвеќе во вашата коса

Букетот од вашите раце ќе се „пресели“ во вашата коса. Без разлика дали станува збор за крупни или ситни цвеќиња и дали тие ќе се протегаат низ целата коса, или пак ќе бидат во улога на венец, природните цвеќиња оваа сезона се тотален „ин“.

Понесете дел од вашата градина во својата коса и изгледајте инспиративно, современо и романтично.

Modni-dodatoci-za-kosa-koi-sovrsheno-go-kompletiraat-nevestinskiot-izgled 02 630x380.jpg

Дијадеми и венчиња со бисери

Раскошните венчиња со бисери, циркони и монистри во однос на класичните дијадеми изгледаат доста поелегантно и помалку претенциозно, а сепак додаваат стилски и гламурозен „шмек“.

Modni-dodatoci-za-kosa-koi-sovrsheno-go-kompletiraat-nevestinskiot-izgled 03 630x380.jpg

Панделки за коса

Панделките за коса можат да се носат на повеќе начини, а воедно да делуваат уредно и класично.

Тие имаат улога да ја држат косата затегната, а таа сепак да изгледа лежерно и нежно.

Панделката може да биде мала или голема, чипкана или свиленкаста, бела или кремаста, или пак во која било боја, големина или материјал кои вие ќе ги замислите.

Modni-dodatoci-za-kosa-koi-sovrsheno-go-kompletiraat-nevestinskiot-izgled 04 630x380.jpg

Круна во вид на плетенка

Богатите плетенки кои се украс на главата навистина наликуваат како круна, делуваат „ретро“ и сосема женствено.

Идеално е плетенката да биде природна, односно од вашата сопствена, бујна и долга коса.

Ова е одличен избор за свадбена фризура, особено бидејќи невестите треба да го „поседуваат“ подиумот, така што нивната коса ќе биде соодветно стационирана.

Modni-dodatoci-za-kosa-koi-sovrsheno-go-kompletiraat-nevestinskiot-izgled 05 630x380.jpg

„Богати“ венци за комплетен изглед

При изборот на совршен додаток за коса, не заборавајте да размислите колку е важна текстурата на истиот.

Без разлика на видот на деталите, таканаречените венци без сомнеж се вистинскиот избор и со години се „број 1“ кога станува збор за невестинската естетика.

Дополнително, додатоците за коса со богата текстура секогаш се истакнуваат на фотографиите.

Modni-dodatoci-za-kosa-koi-sovrsheno-go-kompletiraat-nevestinskiot-izgled 06 630x380.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за венчаници за невестите со облини кои се тренд оваа пролет Девојките со „некој килограм плус“ не треба да се грижат, зашто постојат одлични...
Идеи за живописни бидермаери ако вашата свадба е во есен Рози во комбинација со суви цветови, трева во повеќе нијанси, далии, хризантеми ...
Комбинации на бои кои ќе ја направат совршена вашата есенска свадба Есента со себе носи многу промени и нови почетоци, а ако сте од оние парови кои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg