Гостите морале да чистат, невестата ја сменила религијата - девојка раскажува за „најлошата свадба на сите времиња“
Кога одите на свадба, веројатно очекувате да се релаксирате и забавувате, но гостите на една венчавка биле пречекани со нешто сосема друго - морале сами да ја сервираат храната, но потоа и да исчистат.
На Редит, анонимна девојка го споделила своето искуство од најлошата свадба на којашто била.
Наводно, невестата не сакала да троши многу пари, па ги задолжила гостите да ги наредат масите и храната за настанот, а на крај тие требало и да исчистат.
Како ова да е малку, токму на свадбата невестата соопштила дека ќе стане мормон – луѓе кои ја следат релативно новата религија мормонизам – исто како нејзиниот сопруг, по што некои од гостите, вклучувајќи ги и нејзините родители, ја напуштиле венчавката.
Нејзината објава беше споделена на Фејсбук страница посветена на вакви, ужасни венчавки. Девојката вели дека ова е најлошата свадба на сите времиња, а според коментарите и другите се согласуваат со неа.
Прочитајте ја нејзината објава:
„Бев на свадба каде што невестата не сакаше да троши многу пари и да помине лесно. Но, на некој начин, ова значеше дека гостите ги трпеа стресот и трошоците кои доаѓаат со венчавката.
Најпрво, свадбата се одржуваше на плажа во март. Температурата беше 3 степени, а невестата сакаше ние деверушите да носиме летни фустани. Сите премрзнавме. Пред венчавката невестата ни покажа неколку бои според кои требаше да ги одбереме нашите фустани, но на денот на свадбата не ѝ се допаѓаше како сме изгледале сите заедно, па 4 од 6 деверуши мораа да купуваат нов фустан пред самиот почеток на свадбата. Поради ова, го испуштија појадокот за кој платија самите.
Штом почна церемонијата, гостите беа задолжени да собираат песок и школки за да ги украсат масите. Кога пристигнавме сите, младоженците си заминаа да се фотографираат, а диџејот ни рече да почнеме со декорирање. Ние требаше да ги наредиме масите, да ги поставиме столчињата, да декорираме со школки и песок, да закачиме светилки и да ја поставиме храната која не смеевме да ја јадеме. Младоженците се фотографираа три часа. Мојот сопруг замина да купи храна од McDonald’s бидејќи сите бевме прегладнети“.
„Потоа дознавме дека сме на венчавка без алкохол. Свршувачката на младоженците беше брза и малку мистериозна - дури на свадбата дознавме дека младоженецот е мормон и дека невестата ќе ја менува религијата. Никој не знаеше за ова до тој ден. Таткото на невестата и неколку гости направија сцена и си заминаа. Јас и неколку пријатели сакавме да одиме на пијачка за да процесираме сè што се случи, но како што си заминуваме, диџејот најави дека гостите треба да исчистат.
Да нагласам, проблемот не беше што немаше алкохол на венчавката, туку тоа што невестата направи огромна животна промена (си ја смени религијата) без да им спомне нешто на родителите. Тоа што немаше алкохол беше како јаготка на шлагот по шокантниот ден“.
Според коментарите на објавата, јасно е дека сите се зачудени од целиот настан:
„Нема шанси така да останам да чистам. Не ме интересира дали сум гостин, деверуша или мајка… веднаш би и заминала“.
„Сосема во ред е гостите да помогнат во украсувањето и чистењето АКО тоа е договорено однапред. Момчето и невестата буквално ги искористиле гостите и покажале непочитување“.
„Прашањето е зошто гостите го трпеле сето ова? Ако некој ми рече да стојам надвор со летен фустан во зима, ќе одбијам. Ако ми рече да купам нов фустан, нема да купам освен ако не ми даде пари. Исто така, нема ни да чистам“.
Спирова С. | Црнобело