Невеста со траспарентна венчаница, под која се гледаат танга гаќичките, стана мета на онлајн критики
Aко ги погледнете фотографиите на бразилската инфлуенсерка MC Rielle на Инстаграм ќе забележите дека таа нема никаков проблем да го покаже задникот јавно, но никој не очекуваше дека тоа ќе го направи и на денот на нејзината свадба.
Невестинскиот фустан што таа го носеше остави многу малку на имагинацијата, со разголениот задник, прекриен со вел и длабокото деколте - таа изгледа дури непристојно.
„MC Rielle која има 500.000 следбеници на Инстаграм вели дека не гледа „никаков проблем“ во изборот на фустанот, таа вели дека сакала да го избегне традиционалниот стил и да избере нешто „несекојдневно“ - пренесува Daily Star.
„Начинот на кој што се облекуваме не треба да биде потиснат, сè е промислено со почит кон себеси, а и кон другите“ - рече таа.
„Ако саканиот одобрува, тогаш негово е“ - напиша таа до фотографиите.
Иако не даде никакви детали за церемонијата, таа рече дека денот на венчавката е посебна пресвртница, па затоа сакала да покаже свој став. Сепак речиси сите останаа збунети од смелиот избор на фустанот.
Како изгледаше таа на денот на нејзината венчавка погледнете и во видеото што таа го објави на својот ТикТок профил:
@mcrielle Maio o mês das Noivas, gostaram do meu vestido? #fy #foryou #foryoupage #virall #noiva #vestidodenoiva #maio #tv
♬ Vestido de Noiva - O Verbo Se Fez Som
Б. С. Б. | Црнобело