„Декорациите и бон тонот за свадби се една нова димензија“: Зошто одбивам да уживам во планирањето свадба?

„Сите ги осудуваат невестите кои не се возбудени околу нивната свадба и планирањето, но отсекогаш им се восхитував на елеганцијата со која зборуваат за свадбите со некои „стручни“ свадбарски жаргонски термини кои никогаш не влегле во мојот вокабулар.“

dekoraciite-i-bon-tonot-za-svadbi-se-edna-nova-dimenzija-zoshto-odbivam-da-uzhivam-vo-planiranjeto-svadba-01.jpg

Вака започнува со исповедување невеста која не го разбира возбудувањето околу планирањето на свадба и која се чувствува како невестите околу неа да зборуваат во тајни кодови.

„Додека другите девојчиња кои одеа со мене во градинка, малку по малку, веќе ја создаваа нивната слика за идеална свадба, јас се обидував да не ми се заглават во нос коцките со кои си игравме.

Во текот на детството, бев бомбардирана со пораки во Дизни филмовите, дека девојките не стануваат само-свесни додека не станат нечии сопруги. И, како некоја која значително многу повеќе се задоволува со читање (и пишување) вести, сакам само да кажам – не се согласувам.

И 20 години подоцна, тие чувства остануваат – Се мажам за 4 месеци, а уште не сум формирала конечно мислење за изгледот на поканите. Pinterest ме победува. Сè е толку убаво, што по толку гледање веќе ништо не е убаво и доволно добро. Повеќе сум загрижена за тоа гостите да си поминат добро. И се надевам дека шегите и доброто расположение меѓу нив ќе биде доволно за фотографот да не мора да бара од нив да позираат.

Да не беше мојот организатор на свадби тука и мојата идна снаа што неодамна се венчаше, веројатно досега немаше да имам ни фустан, ниту кетеринг, а уште помалку идеја како побогу треба да изгледа и да се аранжира главната маса.

Ги гуглав сите најчесто поставувани прашања, но изгледа дека, освен основните правила за однесување на маса и почитување на постарите, бон тонот за свадби е една нова димензија.

Со целосно работно време и мачка која ми досадува по цели денови, немав многу време да го научам цел тој нов свадбарски јазик кој ќе го заборавам штом дојдам до олтарот. Им ги препуштив одлуките за мојот (добро, нашиот) голем ден, на пријателите и семејството, но не затоа што намерно се обидував да им оддадам чест на значаен начин (извинете).

Кога ќе го разгледувам свадбениот албум по 10 години, нема да обрнам внимание на тоа каква боја биле салфетките, или на тоа дека изгледам како Snapchat духче под сите тие светла, па дури ни на тоа дека вештачките трепки ми оставаат сенка на лицето како пајакова мрежа.

Ќе го забележам мојот иден сопруг и мене, како стојам покрај него со светнати, заљубени очи. Ќе се сеќавам на сите засрамувачки говори, на мојата старосватица која ми го држеше фустан додека одев во тоалет и ме хидрираше, и чувството на топлина, не затоа што подиумот станал испотен и леплив, туку затоа што сум била опкружена со луѓето кои ги сакам.

Тоа не значи дека жените кои се опседнати со сите детали околу свадбата, не се грижат за големата слика и другите значајни работи. Им завидувам на оние кои се способни да реализираат специфични и софистицирани креативни визии, и плус да им остане енергија за сè останато.

А, што кажува за мене тоа што седам на задното седиште во турата за планирање на мојата свадба, наместо да се фатам за воланот и да ги преземам работите.

И со оглед на тоа колку сум опуштена, гледам колку неправедно се третирани и колку лоша репутација добиваат оние кои немаат време за сите тие детали и планирања. Важно е да се чувствуваш како да имаш целосна контрола над својата иднина, а кога е подобар почеток за тоа, ако не пред еден од одлучувачките моменти на вашиот живот?

Затоа, кога мојата најдобра другарка ќе се мажи, или кога мојата сестра ќе каже ДА, нема да можам да им дадам одговори за тоа каква палета на бои треба да одберат.

Она што можам да го направам, е да се осигурам дека тие ќе бидат хидрирани во текот на целото случување и да им кажувам колку е забавно да бидете длабоко заљубени во новиот сопруг.“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кул идеи како да подарите пари за свадба, а да не бидат во класично плико (фото) Кога сакате да подарите пари на младенците за свадба, но премногу ви е клише тоа...
„Јас сакам свадба со 10 гости, а свекрвата веселба со прием во ресторан – Како животот со партнерот ... „Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме....
35 фризури за свадба за невести кои немаат идеја (фото) Фризурата за свадба е од големо значење за секоја невеста – како се замислувате ...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...
Идеи за живописни бидермаери ако вашата свадба е во есен Рози во комбинација со суви цветови, трева во повеќе нијанси, далии, хризантеми ...
Комбинации на бои кои ќе ја направат совршена вашата есенска свадба Есента со себе носи многу промени и нови почетоци, а ако сте од оние парови кои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg