Нов свадбен тренд: Би носеле ли шеќерна волна наместо бидермаер? (фото)
Кога станува збор за свадби, во последно време постојано се појавуваат нови трендови.
Најчесто невестите се обидуваат да бидат во чекор со свадбените трендови, па покрај усогласувањето на декорациите и венчаницата со хитовите, сега и бидермаерот игра голема улога.
Она што сега модерните невести почнуваат да го прават, е заменувањето на скапите бидермаери кои брзо овенуваат – со шеќерна волна.
И секако, на фотографиите, розовата шеќерна волна изгледа совршено, но, дали во реалноста е толку практична?
Замислете како изгледа во еден момент да позирате со шеќерна волна, а во другиот да се свртите и да ја залепите по коса или фустан... не толку совршено.
Сепак, тоа не ги спречува невестите да имаат кул фотки – како изгледа тоа?
М. М. | Црнобело