Бизарната листа со барања на невеста од гостите на нејзината свадба стана вирален хит
Дали и во Македонија постојат вакви невести од хорор филм? Освен подарок во плик и без деца, дали сте се сретнале со некое друго бизарно барање на свадба каде сте биле поканети?
Сè почесто осамнуваат приказни за невести од хорор филм. Навистина знаеме дека тоа е нејзиниот голем ден и сака апсолутно сè да биде совршено, но понекогаш навистина се оди во крајности.
Една невеста ангажирала организатор на свадби кој ја испратил преку мејл нејзината листа на барања до гостите.
Гостите биле запрепастени од ова, па некој од нив ја прикачил листата на интернет и таа стана вирален хит.
Барањата од гостите, кои организаторката на свадбата ги испратила до нив во име на невестата:
1. Ве молам пристигнете 15-30 минути предвреме.
2. Ве молам не носете бело, крем или боја на слонова коска.
3. Ве молам не носете ништо друго освен обична пунџа или опавче.
4. Ве молам не претерувајте со шминката на лицето.
5. Не снимајте за време на церемонијата.
6. Не се чекирајте на Фејсбук, сè додека не добиете инструкции.
7. Користете го хаштагот #xxxxxx кога прикачувате фотографии.
8. НЕ ЗБОРУВАЈТЕ СО НЕВЕСТАТА ВООПШТО.
9. Сите да наздрават со пијалакот „Remy“ без исклучок.
10. Подарокот мора да биде 75 долари или повеќе.
Би можело да ве интересира:




