Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Наместо луксуз во ресторан, би организирале ли свадба во McDonald's?

Дали имате храброст за ваква авантура? Некои парови се одлучуваат за нетипичен свадбен ден.

dali-bi-napravile-svadba-vo-mc-donalds-01.jpg

Во време кога луѓето земаат кредити и се под огромен притисок да направат раскошни свадби со стотици гости, затоа што нели што ќе речат луѓето е најважно во животот, идејата за свадба во McDonald's е вистинско освежување.

Синџирот за брзa исхрана досега има организирано четири свадби, а сега ќе ја организира и петтата, овојпат во Австралија.

dali-bi-napravile-svadba-vo-mc-donalds-05.jpg

Во моментов одговорните се во потрага по пар кој сака да се венча под нивното златесто „m“.

Ентериерот на McDonald's ресторанот ќе биде трансформиран соодветно за прославата. На свадбата ќе имаат можност да присуствуваат 25 гости, кои од три главни јадења од менито од синџирот за брза храна ќе може да бираат.

dali-bi-napravile-svadba-vo-mc-donalds-03.jpg

На церемонијата ќе има и цвеќе, декорации, прстени и свадбена торта инспирирана од McDonald's.

Одговорните во Австралија не се сомневаат дека ќе има многу пријавени за настанот.

dali-bi-napravile-svadba-vo-mc-donalds-02.jpg

Дали вие би имале храброст за ваков потег? Мала уникатна свадба, наместо месеци и месеци планирање и стрес за свадба во голем ресторан со стотици гости?

dali-bi-napravile-svadba-vo-mc-donalds-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сакам свадба со 10 гости, а свекрвата веселба со прием во ресторан – Како животот со партнерот ... „Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме....
Кул идеи како да подарите пари за свадба, а да не бидат во класично плико (фото) Кога сакате да подарите пари на младенците за свадба, но премногу ви е клише тоа...
Најубавите свадби во 2024 година објавени на CRNOBELO Од интимната венчавка на водителката Ведрана Ѓорѓевиќ, преку раскошната свадба в...
Идеи за живописни бидермаери ако вашата свадба е во есен Рози во комбинација со суви цветови, трева во повеќе нијанси, далии, хризантеми ...
Комбинации на бои кои ќе ја направат совршена вашата есенска свадба Есента со себе носи многу промени и нови почетоци, а ако сте од оние парови кои ...
Пар доживеал сообраќајна незгода на свадбениот ден - непријатниот чин го претвориле во кул фотосесиј... Кога работите не одат според планираното, но вие знаете како да се справите со н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg