Најдобрите свадбени совети што ќе посакате да ги прочитавте пред свадбата
Како да немате главоболки и да заштедите пари? Некои совети ќе ви помогнат како да имате совршен свадбен ден без многу мака.
Свадбата е прекрасен миг, но целата организација што претходи знае навистина да ја исцица енергијата.
Совети што ќе ви го олеснат овој процес:
- Секоја услуга кога ќе го вклучите зборот „свадба“ ќе ве чини поскапо. Од шминката и фризурата на невестата до купувањето на костим на младоженецот.
- За да бидете организирани и да немате стрес направете си листа со обврски и пречкртувајте ги завршените.
- На десктоп направете си фолдер свадба и во него зачувајте ги сите информации од типот понуда на ресторани, цени на фотографи, понуди за свадбени покани итн.
- Ако сакате да не дадете цело богатство наместо свадбени ресторани, разгледувајте алтернативни локации на кои можете да ја направите својата прослава.
- Но, ако сакате традиционален ресторан одберете таков што не ве обврзува сето пиење да биде оттаму, тортата итн.
- Иако, гостите ќе ве мразат, ќе заштедите многу пари ако не се држите до тоа дека свадбата да мора биде баш во сабота.
- Исто така, ќе заштедите ако свадбата ја направите надвор од „свадбената сезона“. На пример свадба во јануари или февруари, наместо во мај или септември.
- Испраќањето на покани во дигитална форма ќе ви заштеди пари, а можете да направите и настан на Фејсбук.
- На листата со гости никако не ставајте луѓе со кои не сте разговарале во последните две години.
- Ако не сакате да ви носат гостин плус, на поканите напишете го само името на личноста што ја каните.
- Кога купувате венчаница земете чевли што имаат слична потпетица, како оние што ќе ги носите на свадбата.
- Дури и да не ви изгледа привлечна венчаницата пробајте ја, поинаку стои на вас. На огледалото проверете и како изгледате отстрана, поради фотографиите, кои се прават од секој агол.
- Појдете на викенд некаде со семејството или пријателите една седмица пред свадбата за да се релаксирате.
- Сите важни работи спакувајте ги во една торба пред свадбата за да не ги заборавите.
- Разговарајте со фотографот отприлика која ви е замислата за естетиката на фотографиите.
- Не заборавајте да јадете на свадбениот ден.
С. С. | Црнобело