За фенси венчавка: 7 свадбени трендови кои ќе ja обележат 2018 година
Масата со десерти, висечките цветни аранжмани, како и тортите во боја, претставуваат дел од деталите што ќе царуваат на венчавките годинава.
Прочитајте кои се седумте свадбени трендови што ќе ја обележат 2018 година:
1. Креативна маса со десерти
Кој вели дека главните јадења мора да доминираат на свадбите, кога е храната во прашање?
Десертната маса со богата понуда на слатки е голем хит помеѓу младенците. Па, заблажете ја и вие својата венчавка, креирајќи впечатливо и неодоливо катче со слатки.
Макаронсите им се омилениот десерт на многумина. Се разбира, и останатите ситни колачи и слаткарски деликатеси на прекрасно аранжираната маса, сосема сигурно ќе остават одличен впечаток.
2. Висечки цветни аранжмани
Цвеќето е неизбежен декор на секоја свадба.
За актуелната година, како еден трендовите што доаѓа се издвојуваат висечките цветни декорации.
Едноставно украсените маси за гостите, плус цвеќето кое ѝ пркоси на гравитацијата, вистински избор се за сите младенци што сакаат да бидат во тренд.
3. Креативни ознаки за распоредот на седење
Новата година ќе биде полна и со разновидни идеи за креативно нумерирање на масите.
Тие ќе бидат јадливи, или, пак, на пример – изработени од дрво.
4. Темнo сина боја
Подзаборавете на слатките пастелни тонови во 2018 година.
Темните бои се хитот за свадби претстојните месеци. Сината боја како воочлив детаљ, пак, се истакнува како главен фаворит.
Наместо класичните светли и неутрални тонови, определете се за темно сини нијанси, во кои може да блеснат и девериците.
5. Свеќи во боја
Свеќите во боја се нов тренд на венчавките. За да ја украсите и живнете масата, не колебајте се да ја декорирате со шарени свеќи.
Наместо во стандардната бела и крем нијанса, за 2018 година се предлагаат свеќи во живи и весели бои. Може да споите неколку интензивни бои, или, пак, повеќе различни нијанси од една иста боја.
6. Свадбена торта во боја
Малку боја нема да биде на одмет ниту на свадбената торта.
Колоритната торта ќе ѝ даде елегантна нота и дополнително ќе ја украси свадбата.
Па, несомнено таа ќе биде во центарот на вниманието и главен фокус на масата.
7. Дрвени детали
Надворешните декорации се и понатаму популарни, но во помали пропорции. Годинава ќе се оддалечиме од јутата, а ќе гледаме многу повеќе дрвени детали.
Почнувајќи од свадбените покани и позадините за сликање, па до ознаките за седење и украсите на масата, дрвенестите материјали ќе направат „бум“ на свадбите во 2018 година.
М. А. | Црнобело