5 жешки есенски трендови за згодни младоженци (фото)

Се чини дека на нашите простори ретко кој младоженец отстапува од строго зацртаните критериуми на облекување – црн смокинг, бела кошула, елегантни чевли.

Zeski-esenski-trendovi-za-zgodni-mladozenci-01.jpg

Но, правилата на игра се менуваат. Како што невестите си бараат свој препознатлив печат, време е и младоженците да направат поинакви избори, бидејќи модните ризици најчесто се исплаќаат.

Што носат младоженците оваа есен? Пред вас се 5 жешки трендови кои ќе ја трансформираат строгата визија за изгледот на машката половина на свадбата:

Смарагдно зелена боја

Во центарот на вниманието се зелени костуми во зелено смарагдна боја. Одлично го надополнуваат како свечениот, така и полежерниот изглед.

Zeski-esenski-trendovi-za-zgodni-mladozenci (1).jpg

Zeski-esenski-trendovi-za-zgodni-mladozenci (2).jpg

Zeski-esenski-trendovi-za-zgodni-mladozenci (7).jpg

Смели шешири

Секако, не во стилот на Фарел односно не толку масивни шешири, но ниските шапки со широк обрач се одличен избор за секој модерен младоженец кој сака да отскокнува од топлата. Воедно, одлични се за фоткање во природа.

Zeski-esenski-trendovi-za-zgodni-mladozenci (10).jpg

Zeski-esenski-trendovi-za-zgodni-mladozenci (12).jpg

Zeski-esenski-trendovi-za-zgodni-mladozenci (15).jpg

Плишни сакоа

Плишот оваа сезона се враќа на голема врата, а особено кај машките сакоа. Доколку сакате вистински моден погодок, одберете плишено сако во смарагдна боја. На тој начин ќе имате двојна модна победа.

Zeski-esenski-trendovi-za-zgodni-mladozenci (5).jpg

Zeski-esenski-trendovi-za-zgodni-mladozenci (6).jpg

Zeski-esenski-trendovi-za-zgodni-mladozenci (13).jpg

Zeski-esenski-trendovi-za-zgodni-mladozenci (16).jpg

Црвени детали

Каков било црвен детаљ е одлична идеја за свадбениот стајлинг, без разлика дали станува збор за лептир машна, вратоврска или шамивче во џебот.

Zeski-esenski-trendovi-za-zgodni-mladozenci (8).jpg

Zeski-esenski-trendovi-za-zgodni-mladozenci (14).jpg

Zeski-esenski-trendovi-za-zgodni-mladozenci (9).jpg

Мешање на меки земјени тонови

Меките пастелни и земјени тонови се одлична појдовна основа за смирен, но истовремено модерен стајлинг. Одберете кошула во пастелна боја и надополнете ја со квалитетно сако или елек во смирени, земјен тон.

Zeski-esenski-trendovi-za-zgodni-mladozenci (3).jpg

Zeski-esenski-trendovi-za-zgodni-mladozenci (4).jpg

Zeski-esenski-trendovi-za-zgodni-mladozenci (11).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сакам свадба со 10 гости, а свекрвата веселба со прием во ресторан – Како животот со партнерот ... „Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме....
Идеи за венчаници за невестите со облини кои се тренд оваа пролет Девојките со „некој килограм плус“ не треба да се грижат, зашто постојат одлични...
Комбинации на бои кои ќе ја направат совршена вашата есенска свадба Есента со себе носи многу промени и нови почетоци, а ако сте од оние парови кои ...
Необични свадбени и брачни обичаи од Србија: Сопругот се преправа дека е „бремен“, свекрвата танцува... Маж глуми трудница, свекрвата танцува на поткровјето... Ова се само дел од обича...
Каква венчаница да одберете според вашето тело + совети од Вера Ванг за совршен избор Секогаш треба да се водите од тоа каков е обликот на вашето тело па според тоа д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg