7 магични свадби инспирирани од Дизни ликови и супер херои
Од „Малата сирена“ до „Шрек“ и „Војна на ѕвездите“, инспирација можете да пронајдете насекаде.
И додека повеќето двојки се одлучуваат за традиционалниот начин на свадба, некои невести и младоженци одлучуваат да направат нешто сосема поинакво.
Креативните парови, свадбената прослава ја претвораат во авантура инспирирани од нивните омилени Дизни ликови или супер херои.
Една двојка инспирација пронајде во филмот „Star Wars“ и на нивниот голем ден силата навистина беше со нив. Сѐ беше совршено вклопено по планот.
Фантазијата стана реалност за еден вљубен пар откако направија прекрасна свадба инспирирана од филмот „The Lord of the Rings“.
Оваа двојка кажа „ДА“ во духот на магичниот свет на „Harry Potter“. Свадбениот ден не заслужува ништо помалку од магија.
Речиси секоја девојка во детството е опседната со „Hello kitty“, но оваа девојка сето тоа го одведе на едно ново ниво на својот голем ден.
Повеќето невести сакаат да изгледаат најубаво на свадбата, но овој пар имаше поинаква замисла. Тие се венчаа како Фиона и Шрек од анимираниот филм „Shrek“.
Анимираниот филм „Alice in Wonderland“ ја инспирираше оваа двојка да направи свадба како вистинска бајка.
Пар ја оживеа приказната за малата сирена. Тематски инспирираната свадбена прослава од „The Little Mermaid“ ги маѓепса сите.
С. С. | Црнобело