Гламурозни венчаници за девојки кои сакаат екстраваганција
Сите девојки посакуваат на својата свадба да ја носат венчаницата од своите соништа, но не сите сакаат да носат балски фустан како од бајките. Многу млади девојки се смели и сакаат екстраваганција, па се одлучуваат за модели кои целосно ги одразуваат нивниот карактер и личност.
Станува збор за гламурозните венчаници кои го носат потписот на израелскиот дизајнер Дани Мизраки. Неговата најнова колекција за 2015-та година е креирана за млади девојки кои на својата свадба сакаат да изгледаат екстравагантно, сексапилно и уникатно
На моделите можете да сретнете полутранспарентни детали, длабоки зарези и шлицеви, па со полно право може да се каже дека овие модели не можете да ги видите на стандардните свадби.
Изработени се во главно од тил, сатен и чипка, а се совршен избор за онаа девојка која сака да биде атипична и сака да постигне гламурозен и секси изглед
Погледнете како изгледаат овие невообичаени венчаници: