Прирачник за убавина за идните невести: Што треба да направите пред свадба?
Со самото започнување на календарската пролет, започнуваат и првите подготовки за веќе закажаните венчавки. Ако сте невеста, не се сомневаме дека на ум имате најмалку 100 обврски.
Затоа, работата ви ја олеснуваме со еден краток роковник за убавина пред конечниот датум.
Што треба да правите пред денот кога ќе бидете центар на внимание?
Неколку недели пред свадба:
- Посета на козметичар
- Интензивно занимавање со физички активности
- Солариум, самопотемнување (не штедете и експериментирајте во овој чекор)
- Купување на накит, козметика, парфем...
Неколку дена пред свадба:
- Депилација со восок
- Боење на косата
- Маникир, ако правите надградба или гелни нокти
- Педикир
- Посета на забар за чистење на каменец
- Масажа за опуштање
На денот на венчавката:
- Купка и се останато што правите кога се подготвувате за важен настан
- Правење фризура
- Шминкање
- Маникир, ако ги лакирате ноктите
Уште неколку детали:
Јасно ви е дека кај козметичар се оди порано, затоа што последиците од третманот се видливи со денови. Можете да направите разни варијанти на маски, чистење, хидратација и корекции на веѓите.
Физичките активности би требало да ви станат секојдневие, но никако не смеете да слабеете затоа што фустанот ви е веќе готов и нема време за корекции и измени.
Солариумот не е задолжителен, ниту пак кремите за самопотемнување. Сепак, ако се одлучите за било што, консултирајте се со лица кои имаат искуство и следете ги нивните совети.
Косата мора да ја обоите неколку дена порано за да ја отстраните вишокот боја од кожата.
Ако се одлучите за вештачки нокти, а инаку не ги носете, направете ги барем 1 недела порано за да се навикнете на нивната должина. Во спротивно, ќе делувате неприродно.
Среќно!