Како да го одберете идеалниот есенски бидермаер?
Откако го одбравте невестинскиот фустан, чевли и есенската наметка, на ред доаѓа вистинското освежување и вашиот главен невестински детаљ.
Бидермаерот од свежи цветови е секогаш најдобар избор за сите невести кои сакаат да изгледаат неодоливо.
Избегнувајте го вештачкото цвеќе кое изгледа премногу пластично. Немате потреба од него, доколку не правите свадба на превисоки температури.
Без оглед дали ќе одберете рози во комбинација со зеленило или пак божури, обидете се да се задржите до есенските бои и нијанси.
Сончогледите, розите со боја на вино, сувите портокалови листови, виолетовите ситни цветови и машните од сатен се само дел од изборот кој го имате.
Експериментирајте, препуштете и се на фантазијата и црпете инспирација од следниве неколку фотографии.