„Имав 5 спонтани абортуси и 15 години болка, но вредеше чекањето на моите бебиња“

Жена од САД во 2003 година го имала првиот спонтан абортус, потоа во наредните 15 години забременила уште 4 пати, но и тие бремености завршиле на ист начин. Потоа, се одлучила за асистирано оплодување – денес има 5-годишна ќерка и 3-годишен син. „Тие се моето чудо“, вели таа.

imav-5-spontani-abortusi-i-15-godini-bolka-no-vredeshe-chekanjeto-na-moite-bebinja-01.jpg

Џени Хил (45) од САД со нејзиниот сопруг Џон (44) се обидувале да добијат дечиња уште од 2003 година.

Минале низ многу тешкотии, а потоа се одлучиле за асистирано оплодување.

Џени го имала првиот спонтан абортус, по природно забременување, во 2003 година, а потоа минала 15 години тагувајќи и обидувајќи се да забремени со својот сакан.

Но, по уште 4 спонтани абортуси, таа и Џон одлучиле да се обидат и со други опции, односно со асистирано оплодување.

Докторите смрзнале два ембриони, но не се одлучиле веднаш да направат трансфер на двата ембриони кај Џени за да не ризикуваат да ги изгубат двата.

Бил направен трансфер на едниот, а Џени го родила нивното прво дете – ќерката Харпер во јануари 2017 година.

„Таа е нашето чудо. Плачев кога ја видов за првпат.“

imav-5-spontani-abortusi-i-15-godini-bolka-no-vredeshe-chekanjeto-na-moite-bebinja-03.jpg

Потоа, парот во 2019 година направил трансфер и на вториот ембрион и Џени во 2019 година го родила синот Лиам.

imav-5-spontani-abortusi-i-15-godini-bolka-no-vredeshe-chekanjeto-na-moite-bebinja-04.jpg

Ќерката на Џени и Џон сега има речиси 6 години, а синот 3.

imav-5-spontani-abortusi-i-15-godini-bolka-no-vredeshe-chekanjeto-na-moite-bebinja-08.jpg

„Нашето семејство сега е комплетно, чувството е неопсиливо. Патувањето беше тешко, но вредеше за да ги добиеме Харпер и Лиам.

Сечие патување е судено да биде на различен начин. Моето беше судено да изгледа вака“, вели Џени.

imav-5-spontani-abortusi-i-15-godini-bolka-no-vredeshe-chekanjeto-na-moite-bebinja-07.jpg

imav-5-spontani-abortusi-i-15-godini-bolka-no-vredeshe-chekanjeto-na-moite-bebinja-06.jpg

imav-5-spontani-abortusi-i-15-godini-bolka-no-vredeshe-chekanjeto-na-moite-bebinja-05.jpg

imav-5-spontani-abortusi-i-15-godini-bolka-no-vredeshe-chekanjeto-na-moite-bebinja-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg