Татко критикуван за начинот на воспитување: Уништува лажни подароци кога децата се непослушни (видео)
Татко од Англија ги советува другите родители на ТикТок да завиткаат празни кутии како подароци и да уништуваат по една секојпат кога нивните деца се непослушни. Очекувано, веднаш наиде на критики, особено од луѓе кои самите биле истрауматизирани од ваков начин на воспитување.
Пред католичкиот Божиќ, ТикТок корисникот познат како Бени сподели „совети за воспитување“ за родителите кои имаат мали деца, поради кои веднаш се најде на мета на критики.
Бени, кој живее во Англија, сподели неколку видеа на ТикТок на кои покажува што прави за да ги натера неговите деца да бидат мирни за време на празничната сезона.
„Со наближувањето на Божиќ, еве одличен совет за родителите. Завиткајте неколку празни кутии и преправајте се дека се подароци.
Потоа, секојпат кога едно од децата нема да биде послушно, фрлете ја кутијата на подот пред нив и згазете ја“, вели тој во видеото додека ја уништува кутијата.
@bennyg7070 Last years Christmas #parenthack didn’t work for everyone, as not everyone has access to a fire. So I have refined the #tip so Everyone can use it! #lifehack #christmas #presents #lids ♬ original sound - Bennyg
Тој сподели и друго видео со слична содржина. Овојпат, тој ја смачка кутијата со неговиот автомобил.
@bennyg7070 Another Christmas parenting hack for parents to ensure they behave on the final run up to the big day! #lifehack #parenting #parenthack #christmas #presents ♬ original sound - Bennyg
На друго видео, кое сега е избришано, тој им кажува на родителите дека можат да ги фрлат „подароците“ и во оган за да им се заканат на децата.
Нормално, видеата се генерално критикувани, а повеќето корисници истакнуваат дека со ова, Бени само ги трауматизира децата.
„Ќе се прашуваш: Зошто децата не ми зборуваат?“
„Гледам трауми и терапија во иднина“.
„Ова е емоционално малтретирање“.
„Ова најверојатно ќе ги истрауматизира“.
Некои споделуваат слични искуства со нивните родители:
„Како некој на кого му забранија да го слави Божиќ за да му го ’поправат‘ однесувањето – ова само ги учи децата на презир, а ти ќе ги мразиш празниците“.
„Татко ми го направи ова, но ја уништи погрешната кутија. Внатре беше мојата Xbox конзола. Не му зборував два месеца“.
„Моите родители го правеа ова и многу добро го помнам. Ве молам немојте да го правите“.
Што мислите за советот на овој татко? Дали е премногу суров и навистина може да остави трауми кај малите деца?
Спирова С. | Црнобело