Како да ја препознаете анксиозноста кај вашето дете, според терапевт за деца?
„Не ми се јаде“, „Те мразам“ и „Никој не ме сака“ се дел од фразите кои децата со анксиозност настојуваат да ги повторуваат. Кои се другите фрази и симптоми што ги покажуваат децата кога се соочуваат со анксиозност?
Анксиозноста и паничните напади станаа мошне честа појава кај возрасните, но не треба да заборавиме дека и децата можат да се соочат со вакви психолошки проблеми.
Разликата е што децата не се воопшто свесни дека нешто не е во ред, па не ни знаат дека треба да побараат помош.
Имајќи го ова на ум, детскиот терапевт Мелиса Грифинг направила видео во кое зборува за знаците кои можеби укажуваат на анксиозност кај малите деца.
33-годишната Мелиса и самата е мајка, а видеото што го сподели на ТикТок веќе има над 1,3 милиони прегледи.
Во видеото, Мелиса истакнува дека децата настојуваат да повторуваат одредени фрази кога чувствуваат анксиозност. Но, проблемот е што родителите ретко кога можат да ги поврзат овие фрази со нарушувањето.
@momtherapist Kids tall about anxiety in ways adulta often dont pick up on. Heres your cheat sheet for deciphering kid speak on anxiety! #therapy #childtherapists #thoughtsfromatherapist #wellnestcounseling #dallastherapist #parenting #4upage ♬ original sound - Melissa
Мелиса сподели и дел од фразите на кои родителите треба да обрнат внимание доколку детето ги кажува многу често:
1. Ме боли стомакот.
2. Не сакам да одам на училиште.
3. Не ми се јаде.
4. Те мразам.
5. Што ако...
6. Повторно ми се оди во тоалет.
7. Не можам да спијам.
8. Не знам.
9. Ме болат нозете.
10. Само сакам да останам со тебе.
11. Никој не сака да разговара со мене на училиште.
12. Никој не ме сака.
13. Ме болат рацете.
14. Мислам дека ми се гади.
15. Не ми се допаѓа…
„Децата често не разбираат дека се чувствуваат анксиозно или загрижено. Наместо тоа, тие покажуваат симптоми. Повторуваат работи како ’Ме боли стомакот‘ или ’Ме боли главата‘.
Сето ова се начини да го избегнат она што прави да се чувствуваат анксиозно. Сето ова се фрази што постојано ги слушам од деца со анксиозност или нивните родители“, открива Мелиса за BuzzFeed.
Мелиса сподели уште неколу видеа во кои кажува совети за родителите кои ги забележале овие знаци кај нивните деца:
„Првиот чекор е да им помогнете на децата да се справат со анксиозноста и да им помогнете да сфатат што чувствуваат кога се чувствуваат така – ова значи дека вие ќе мора да препознаете дека имаат анксиозност“.
Мелиса истакнува дека и некои однесувања можат да укажуват на анксиозност:
„Анксиозноста има многу симптоми. Кај малите деца, честопати се активира одговорот ’брани се или бегај‘. Па, кога 3, 4 или 5-годишно дете е анксиозно, почнува да вика, да плаче, да клоца, или да бега“.
Мелиса вели дека постарите деца можат да покажат и други симптоми, како физички болки, затворање и самоизолирање, па дури и неучтиво однесување.
„Некогаш, кога анксиозноста е присутна, одговорот на телото е да ’замрзне‘. Па, она што ви изгледа како мрзливо и незаинтересирано дете може да биде дете парализирано од грижи и стрес“.
Сепак, Мелиса истакнува дека ако детето повторува некоја од фразите погоре, не мора да значи дека сигурно има анксиозност.
„За анксиозноста да биде дијагностицирана, овие фрази треба да бидат придружени и со други симптоми. Родителите треба да бараат знаци како раздразливост, проблеми со концентрацијата, напнатост во мускулите и проблеми со спиењето“.
Мелиса советува и родителите никако да не ги игнорираат проблемите на нивните деца, без разлика што можеби им изгледаат мали.
„Важно е родителите да знаат дека работите што ги загрижуваат децата за нив изгледаат големи. Децата уште немале можност да се грижат за плаќање кирија, политика или која било грижа што ја имаат возрасните.
Па, кога тинејџерот минува низ некоја тинејџерска драма и вие мислите дека сепак не е ништо сериозно, не заборавајте дека за него проблемот е сериозен бидејќи тој не се соочил со исти проблеми како вие.
Па, ислушајте го, покажете сочувство и помогнете му да го надмине проблемот“.
Спирова С. | Црнобело