8 постапки со кои ќе поставите добар пример за вашето дете, низ илустрации
Не паѓајте на провокации
На сите ни се случило да изгубиме контрола кога сме гневни или кога некој нè провоцира.
Но, пробајте да се воздржувате од испади кога сте пред вашето дете.
Ако викате и пцуете секојпат кога некој ќе ве изнервира, и вашето дете ќе почне да го прави истото.
Најдете време за забавни активности со децата
За децата е важно да поминуваат квалитетно време со родителите, па потрудете се да одвоите време за забавни заеднички активности.
Нормално е некогаш кога сте под стрес да не бидете расположени за играње, но пробајте да му обрнувате внимание на детето и во овие мигови. Всушност, веројатно и вам ќе ви се подобри расположението.
Бидете добри кон другите
Не треба само да му кажувате на детето дека треба да се однесува добро кон другите, туку мора и да му го покажете тоа.
Бидете искрени
Понекогаш сите родители им кажуваат мали лаги на нивните деца – некогаш за да ги заштитат, некогаш за да избегнат некоја дискусија, а некогаш и за сосем друга причина.
Можеби некогаш малите лаги се неопходни, но никако не треба да ви станат навика. Во спротивно, вашето дете ќе мисли дека е во ред да лаже.
Па, бидете што е можно поискрени.
Спирова С. | Црнобело