„Бум! Бремена сум!' - Детален приказ што ве очекува

„Две цртички на тестот за бременост. Бум! Бремена сум. Што е следно? Конфузија, збунетост, несогласувања во глава, пријатни морници по телото... Совршен микс на хормони и многу прашања. Што е следно?“

bum-bremena-sum-detalen-prikaz-shto-ve-ochekuva-01.jpg

Тестовите за бременост имаат сигурност од 70%, па затоа треба да закажете и редовен гинеколошки преглед кој би констатирал рана бременост и пресметка на бременост по гестациски недели.

Доколку вашиот гинеколог ја констатира бременоста, веројатно во вашиот стомак имате мал зачеток со големина на грашок и пресметка за 5-7 гестациска недела.

Веднаш ќе ви бидат доделени суплементи за редовно одржување на добросостојбата.

Многу течности, витамини и редовна исхрана. Пешачење и избегнување на тешки телесни активности особено во првиот триместар од бременоста.

Веќе во периодот помеѓу 8-10 гестациска недела ќе ви биде закажан преглед за срцева реакција. Најубавиот ултразвук што може да се слушне. Ритамот на срцето на бебето во ист такт со мајчиното.

bum-bremena-sum-detalen-prikaz-shto-ve-ochekuva-04.jpg

На листата на редовни месечни прегледи ќе се додадат и редовна проверка на крвна слика, скриен шеќер, како и ддимери.

Строга препорака на гинеколозите е да направите и 3 скрининга (ултразвучни прегледи) за проверка на бебето познати како ЕХО. Нивната цел е детекција на абнормалности на плодот, со цел здрава понатамошна бременост.

Но, кога е вистинското време за овој тип на прегледи?

Препораката е да се направи првиот скрининг во раната бременост и тоа во периодот од 11 до 13+6 гестациска недела (г.н.). Од елементарно значење е да ги следите препораките и советите на вашиот гинеколог.

bum-bremena-sum-detalen-prikaz-shto-ve-ochekuva-05.jpg

Мачнини, главоболка и замор се можни симптоми во овој период, но не грижете се... Сето тоа е минлива фаза која ќе ја заборавите за многу кратко време.

Веќе со вториот скрининг кој е планиран за вториот триместар (од 15 до 23 г.н.) ќе се запознаете со морфологијата на плодот.

Вашиот гинеколог ќе го следи растот и развојот на бебето, постелката, матката.

Во вториот триместар од бременоста е многу важно да водите квалитетен и здрав живот, без стрес и нервоза, и секако повремено да си купите некое парче трудничка гардероба која е поудобна за носење, а и делува многу симпатично. 

Третиот скрининг ќе ви биде закажан во периодот помеѓу 28-32 гестациска недела. Веќе ќе навлезете во финалните месеци од ова патување и слободно може да започнете со опремување на детскиот простор – креветче, соба за доење, бебешка облека и додатоци.

Нема работа која не може да се одложи во овој ваш специјален период од животот. Заборавете на сè што е неважно, на сè што ве оптоварува и препуштете се на убавините во бременоста.

bum-bremena-sum-detalen-prikaz-shto-ve-ochekuva-03.jpg

Сè тоа е дел од едно убаво патување кое ќе го имате во престојните месеци се до средбата со вашето бебе.

Уживајте во бременоста и сè што носи...

И секако, не заборавајте да си пополнувате дневник, каде што ќе можете да ги забележите сите промени кои ќе ви се случуваат. Како физички, така и психички.

bum-bremena-sum-detalen-prikaz-shto-ve-ochekuva-06.jpg

Еден ден ова четиво ќе ви биде одличен потсетник што сте поминале.

Бремена жена е здрава жена. Затоа продолжете да функционирате во истиот дух како и претходно.

Со лесно и честитки...

Се разбира, ова е од лично искуство и во случај на бременост задолжително консултирајте се со вашиот лекар.

М. У. Т. | Црнобело/ фото: depositphotos.com

 

Би можело да ве интересира:

Летување со бебе: На што да внимавате и што да понесете со себе? Какви лекови да земете и кога е најповолен период за на плажа? Што сè треба да з...
Предмети во детската соба кои можат да бидат опасни за бебиња и многу мали деца Перница во бебешкото креветче и играчки со магнети – некои предмети можат да пре...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Искрена исповед на мајка: „Тешко ми е летниот период со бебе, кога не можам да излезам надвор“ Кои се вашите размислувања? Дали сметате дека повеќето мајки се&n...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
10 работи кои бебињата ги учат уште додека се во стомакот на мајката Уште додека е во утробата, бебето го слуша гласот на мајката и уште од мигот ког...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg