10 работи кои бебињата ги учат уште додека се во стомакот на мајката
Уште додека е во утробата, бебето го слуша гласот на мајката и уште од мигот кога ќе се роди, може да го препознае.
За многу мајки, бременоста е едно неверојатно и прекрасно искуство. Како што расте стомакот, се прашувате како ќе изгледа бебето, каков карактер ќе има... Дали ќе биде смешно како тато или сериозно како мама?
Сето тоа е многу возбудливо, но дали некогаш сте се запрашале што учи бебето уште додека се развива во утробата?
Па, се чини дека многу работи. Оние девет месеци на развој се мошне важни, а бебето се раѓа со неверојатно знаење.
10 работи кои бебињата ги учат уште додека се во стомакот на мајката:
Гласови
Мајката и бебето се поврзани на повеќе начини.
Изложеноста на гласот на мајката му помага на бебето да се поврзе на позитивен начин, а мајките може да ја негуваат оваа врска преку пеење, читање и разговор со своите бебиња, а исто така тоа може да го прават и партнерот и другите членови на семејството.
Па, кога ќе се роди бебето, гласовите ќе му бидат познати и утешителни.
Разлика во светлината
Бебето може да почне да ја разликува светлината околу шеснаесеттата недела.
До бебето сепак продира малку светлина и додека е во утробата, може да реагира на неа.
За да се обезбеди правилен развој на очите, важно е земање пренатални витамини и исхрана богата со витамин А.
Циклусот на спиење на мајката
Одредени истражувања покажале дека циклусот на спиење на мајката за време на бременоста, влијае на циклусот на спиење на детето дури и по раѓањето.
Обидете се да се придржувате до истото темно на кое било бебето навикнато во матката, па можеби ќе се одморите подобро.
Омилена храна
Верувале или не, една од работите што бебињата ја учат додека се во утробата, е вашата омилена храна.
Ако сте биле обожавател на сендвичи, можеби кога ќе порасне бебето ќе ја сака истата храна.
Допир
Првото сетило кое бебето почнува да го развива е сетилото за допир и ова започнува веќе во осмата недела од бременоста.
Се верува дека бебето не може да почувствува болка дури и по 30-тата недела од бременоста.
Фетална меморија
Феталната меморија вклучува развивање на врската со мајката и светот во кој таа живее. Голем дел се однесува на учење на родителскиот глас.
Се покажало дека овие аудитивни експозиции имаат трајни ефекти постнатално, влијаејќи на централниот нервен систем.
Соништа
Дали знаевте дека бебињата учат да сонуваат за време на бременоста?
По околу седумте месеци од растењето во утробата, човечкиот фетус поголем дел од времето го поминува во сон.
Јазик
Во еден извештај објавен од Универзитетот во Вашингтон, се објаснува дека бебињата почнуваат да го учат јазикот во утробата и всушност може да ги разликуваат звуците од нивниот мајчин и странски јазик.
Најсилно влијание овде, секако, има мајката.
Психолошката состојба на мајката
Бебињата не само што го учат гласот на својата мајка, омилената храна и музика уште додека се во утробата, туку може да добиваат и знаци за нејзината ментална состојба.
Се верува дека бебето може да разбере дали неговата мајка доживува депресија за време на бременоста или не.
Плачење
Бебето може да плаче пред раѓањето, но тоа е затоа што вежба како да плаче, а не чувствува болка.
Бебињата не можат да се слушнат како плачат додека не дојдат во контакт со воздух.
М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com