Жена добила две бебиња, откако забременила во исто време со сурогат мајката – се породиле со разлика од 4 дена

Марго (43) од Канада била скршена по низата спонтани абортуси, започнувајќи од далечната 1997 година. Па, кога нејзината сестра ѝ се понудила да ѝ биде сурогат релаксирана отишла со сопругот на одмор во Мексико и таму се случило второто бебе „чудо“.

zhena-dobila-dve-bebinja-otkako-zabremenila-vo-isto-vreme-so-surogat-majkata-01.jpg

Жена кој потрошила илјадници евра на обиди за забременување, забременила природно во исто време со сурогат мајката и се породиле со само 4 дена разлика.

Марго (43) и Иан Шелдон (50) од Канада почнале да се состануваат во 2012 година, во 2014 се вселиле заедно и почнале да се обидуваат да добијат бебе, уште пред да се венчаат во 2019 година.

Но, 6-годишните обиди за потомство на парот завршиле неуспешно.

Марго имала неколку спонтани абортуси. Инаку, првиот спонтан абортус Марго го доживеала во далечната 1997 година со претходниот партнер.

„Немавме идеја дека патувањето до станување родители ќе биде вака тешко. Но, сега сме среќни што сме родители“, вели Марго.

Таа сега е мајка на Софија и Остин, кои имаат по 22 месеци.

zhena-dobila-dve-bebinja-otkako-zabremenila-vo-isto-vreme-so-surogat-majkata-05.jpg

„Првиот спонтан абортус го имав во 1997 година, кога моето бебе се роди во 27-мата недела и живееше само 12 часа. Потоа, имав уште 4/5 немили ситуации и со Иан и последниот пат ѝ се пожалив на мојата сестра Мена кога таа ненадејно се понуди да го носи детето за нас.

Мена ми го понуди тој неверојатен подарок, бев трогната и останав без зборови. Само плачев и ја прегрнував. Толку храбар и несебичен гест, не сум видела одамна, вечно ќе и бидеме благодарни.“

zhena-dobila-dve-bebinja-otkako-zabremenila-vo-isto-vreme-so-surogat-majkata-06.jpg

Мена не ѝ е биолошка сестра на Марго, туку родителите на Марго ја згрижиле како тинејџер, но сепак двете девојки растеле заедно како сестри.

zhena-dobila-dve-bebinja-otkako-zabremenila-vo-isto-vreme-so-surogat-majkata-08.jpg

Мена за ситуацијата вели:

„По нивните трагични загуби, сакав да им бидам сурогат. Знаев дека ќе биде прекрасно, сакав да го направам тоа за нив.“

Кога Мена забременила ао асистирано оплодување, Марго и Иан отишле на одмор во Мексико за да минат време заедно и на Мена да ѝ дадат простор, по целата процедура.

zhena-dobila-dve-bebinja-otkako-zabremenila-vo-isto-vreme-so-surogat-majkata-04.jpg

„Бевме среќни и релаксирани. Само уживав и тогаш се случи чудо. Забременив во исто време со Мена. Никогаш не верував дека ваква коинциденција е возможна. Бевме бремени во исто време и пресреќни.

Сега со Иан имаме две деца и чувствуваме како нашите соништа да се остварија.“

zhena-dobila-dve-bebinja-otkako-zabremenila-vo-isto-vreme-so-surogat-majkata-09.jpg

zhena-dobila-dve-bebinja-otkako-zabremenila-vo-isto-vreme-so-surogat-majkata-07.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Најдобриот брачен совет: Пред да пробате со нова личност, пробајте уште еднаш со вашиот сопруг/а дом... „Од сопругот/та ви е преку глава и тогаш доаѓа некој кој е нов, внимателен, совр...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
Мисли кои ги мачат бремените жени, но се срамат да ги изговорат гласно „Во што ли се впуштив?!“, „Па ова е многу тешко!“... Во бременоста, жените се со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg