Искрени исповеди на Македонки: „Какво искуство ми беше бременоста во време на пандемија?“

Не залудно велат жена, мајка, кралица, па токму такви хероини се жените кои храбро го издржаа предизвикот – бременост и породување во време на пандемија. Неколку Македонки ги споделуваат своите искуства за CRNOBELO.com…

bev-pozitivna-na-kovid-se-pazev-mnogu-makedonki-so-iskreni-ispovedi-za-bremenosta-vo-vreme-na-pandemija-001.jpg

Ситуацијата со пандемијата во голема мера ни го промени животот и ни го направи постресен... Сега, замислете сето тоа да ви се случува за време на бременост, двојно потешко, зарем не?

Токму затоа одлучивме да поразговараме со неколку жени кои беа бремени и се породија во време на пандемијата. Какво искуство им беше тоа?

За CRNOBELO.com тие споделуваат како им изгледаше бременоста и породувањето во време на Ковид:

„Со оглед на тоа што бев бремена брзо едно по друго со двете деца, а со таа разлика што првата бременост ми беше годината пред Ковид, додека втората целосно во периодот на пандемијата, можам да направам голема разлика. Не само текот на бременоста, туку и самото породување беше различно и нормално, по протоколи.

Во текот на пандемијата освен што работев од дома, избегнував да се мешам со луѓе, дури и надвор – иако статистички се велеше дека трудниците полесно поминуваат со вирусот. Сепак, самата идеја да се заразам додека сум бремена ми правеше дополнителен стрес и страв.

Во однос на породувањето – и првиот и вториот пат беше кај истиот доктор. Пред да се породам ми направија ПЦР тест, но се забележуваше ангажираност на персоналот и мала нивна преоптовареност со ковид пациенти. Деновите за престој после пораѓајот ми беа скратени во споредба со првиот пат.

Не беше лесно, во секој случај, но се навикнуваме на сè очигледно.“

Маја (36)

bev-pozitivna-na-kovid-se-pazev-mnogu-makedonki-so-iskreni-ispovedi-za-bremenosta-vo-vreme-na-pandemija-02.jpg

„Бев ковид позитивна за време на бременоста и можам да кажам дека беше мнооогу стресно. Постојано грижи дали ќе биде сè во ред со бебето, секое утро се будев со мисли што да очекувам во текот на денот.

Ми се случи во првото тримесечје. Не поминав лесно, за волја на вистината.

Во текот на целата бременост имав покачени дидимери и бев под постојана терапија речиси до самиот крај. Што се однесува до пораѓајот, по протокол, сè помина во ред.“

Марија (33)

„Иако втора бременост сепак малку ми беше понапната од првата поради пандемијата. Постојано внимавање, дезифинцирање на раце, носење маска и на отворено, мешање со луѓе во затворен простор никако.

Ковид не прележав за време на бременоста иако сопругот беше позитивен. Се изолираше во посебна просторија и немавме контакт. За среќа, сè помина добро, кај мене не се јавија симптоми и бев во ред. Не се тестирав ниту еднаш за време на бременоста.

Протоколите во болницата каде што се породив се почитуваа. Болницата дозволуваше посети на најблиските членови од семејството, но само со негативен ПЦР тест или со примени две дози на вакцина.“ 

Фросина, Скопје (36)

bev-pozitivna-na-kovid-se-pazev-mnogu-makedonki-so-iskreni-ispovedi-za-bremenosta-vo-vreme-na-pandemija-03.jpg

„Бев бремена по вторпат во 2021. Веќе добро запознаени со пандемијата, па некако и знаев што ме очекува 9 месеци – исто како и минатата година: скратен круг на дружење, никако гости по дома и одење во затворени простори, маска секаде – внатре и надвор без исклучок. Не можам да кажам дека бременоста беше постресна, затоа што ми беше јасно дека приоритет е моето здравје.

Разликата беше што на сите прегледи – од прв до последен задолжително беше да бидам сама, без сопругот, па некако сите новости си ги дочекував сама (од утврдување на бременоста, полот на бебето, до сите скрининзи, дали е сè во ред и сл.)

Малку беше непријатно одењето по доктори, правење крвни слики и мешање со многу луѓе во ек на пандемија, но се надевав дека ете – маската ме штити.

Од аспект на пораѓајот, помина сè во најдобар ред со таа разлика што немаше многу време за ПЦР тест бидејќи се случи на брзинка, па затоа првите часови додека чекавме резултати од тестот бев изолирана сама во соба.

Бебето смеев да го гледам само со маска, така наложуваше протоколот на болницата и покрај тоа што бев негативна.

Мислам дека изминативе две години се родија толку многу бебиња кај блиски и дефинитивно пандемијата не би требало да ве предомислува за зголемување на семејството.“

Емилија (35)

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Искрени исповеди од наставници: „Работи кои сакаме да им ги кажеме на родителите, а не смееме“ „Вашето дете се однесува лошо затоа што првпат се сретнува со граници. Не сум ло...
Мисли кои ги мачат бремените жени, но се срамат да ги изговорат гласно „Во што ли се впуштив?!“, „Па ова е многу тешко!“... Во бременоста, жените се со...
„Лажев дека користам контрацепција бидејќи сакав дете, а сопругот не – како да му кажам дека сум бре... „Пред осум месеци престанав да ги пијам апчињата за контрацепција и не му кажав ...
10 работи кои бебињата ги учат уште додека се во стомакот на мајката Уште додека е во утробата, бебето го слуша гласот на мајката и уште од мигот ког...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg