„Пораснав живеејќи со баба и дедо - кои драгоцени животни лекции ги научив од нив?“
„Не си преуморен/а за да станеш и да бидеш физички активна денес.“
Дури и на 70 години тие беа физички активни и спортуваа. Секогаш бев импресионирана од тоа колку енергија имаат. Мојата денес 87-годишна баба уште наоѓа сила за прошетки по улицата.
„Во врските партнерите треба да бидат еднакви.“
Баба ми гордо ми раскажуваше како на првиот состанок дедо ми ѝ ги подал очилата за да му ги исчисти и кога го прашала зошто го прави тоа, тој ѝ рекол „Мојата поранешна девојка ми ги чистеше“, на што таа му одговорила „Јас не сум твојата поранешна девојка, исчисти си ги сам.“
Тие беа традиционални во поглед на семејството, но го градеа животот заедно и имаа исто право на глас, иако се венчаа во 1950-тите.
„Ако луѓето сакаат да бидат во твојот живот, ќе бидат.“
Моите баба и дедо водеа активен животен стил, но секогаш имаа време за мене и моите значајни настани. Од тогаш научив дека сите се зафатени, но одвојувањето време за некој во животот е активен избор и работењето на врските исто така.
„Ти треба да бидеш тој/таа што ќе си изгради убав живот за себе.“
Нивниот животен стил ме инспирира кога седам очајна дома и гледам телевизија да помислам „Зошто гледам телевизија, зошто не излезам надвор и не уживам во животот?“
С. С. | Црнобело