„Одлучив да немам деца, сега имам над 50 години – зошто не се каам за одлуката?“
„Имам 57 години и немам деца. Не се каам воопшто затоа што искрено верувам дека ќе бев лоша мајка.
Јас сум интроверт и ја гледам сестра ми како некој постојано од неа бара нешто – храна, внимание, играчка и постојано ја довикува и ми се потврдува одлуката дека јас не сум за тоа.
Нејзините деца пораснаа во прекрасни возрасни личности, но јас навистина имам потреба од време сама за себе и тоа не е возможно со деца.“
„Мило ми е што никогаш немав деца, плус пронајдов партнер кој се чувствува исто како мене и ние сме најкул тетка и тетин.“
„Никогаш не се покајав што немам деца. Јас имам мал праг на толеранција и немам трпение, па ќе бев лош родител. Тонот на мојот глас и моите зборови знаат да бидат сурови на моменти.
Исто како што беше случајот со мојот татко. Додека растев постојно размислував зошто имав несреќа да имам таков родител и не сакав истото и јас да го правам некому.“
„Никогаш немав желба да менувам пелени или да бидам ненаспана и да немам време и пари. Децата на другите луѓе ми се супер, но затоа што се на други луѓе.
Кога ќе ме прашаат кој ќе ме чува кога ќе остарам на шега им велам дека на 75 години ќе си посвојам некој 40-годишник.“
„Отсекогаш родителството ме асоцираше на затвор и среќна сум што немав деца. Имам мачиња и куче и си го сакам мојот живот таков каков што е.“
С. С. | Црнобело