9 совети со кои ќе го заштитите вашето дете од опасната страна на интернетот

Советувајте го детето никако да не разговара на интернет со луѓе што не ги познава, побарајте да се консултира со вас пред да објави нешто и не заборавајте да го предупредите за лажните вести.

9-soveti-so-koi-kje-go-zashtitite-vasheto-dete-od-opasnata-strana-na-internetot-01.jpg

Денес животот е незамислив без интернет и сосема нормално е вашето дете да сака да биде дел од него. Но, од друга страна, интернетот може да биде опасен за мало дете кое не е ни свесно што сè се случува таму.

Тешко дека ќе успеете да му забраните на детето да користи интернет, но секогаш можете да му покажете како да биде безбедно онлајн.

Како да го направите тоа?

Бидете покрај него кога првпат ќе корист интернет

Ако вашето дете досега нема користено интернет, осигурете се дека ќе бидете покрај него првиот пат кога ќе го направи тоа и покажете му како да се снајде.

Покажете му кои веб-страници се безбедни за него и предупредете го да не симнува ништо од непроверени сајтови. 

9-soveti-so-koi-kje-go-zashtitite-vasheto-dete-od-opasnata-strana-na-internetot-02.jpg

Објаснете му зошто не треба да разговара со странци

Лажните профили се честа појава на интернет, па важно е да му кажете на вашето дете никако да не одговара на пораки од странци, дури и ако му изгледа како да се од пријателски настроена личност.

Објаснете му дека секој може да си стави лажна фотографија и да се претстави со лажно име онлајн, па најдобро е да нема никаква комуникација со странци.

Нагласете му и дека никогаш не треба да ги споделува неговите личи информации онлајн, ниту да отвора фајлови што ги добило од непозната личност.

Истовремено, советувајте го веднаш да ве извести ако добие порака од личност што не ја познава.

9-soveti-so-koi-kje-go-zashtitite-vasheto-dete-od-opasnata-strana-na-internetot-03.jpg

Предупредете го за лажните вести

Кажете му на детето дека само затоа што нешто е на интернет, не значи дека е вистина. Лажните вести се мошне честа појава и неретко и на возрасните им е тешко да ги препознаат, а не пак на малите деца.

Советувајте го детето да ве праша вам кога ќе прочита некоја информација наместо „слепо“ да верува во неа. Истовремено, можете да му кажете и кои веб-страници нудат проверени информации.

9-soveti-so-koi-kje-go-zashtitite-vasheto-dete-od-opasnata-strana-na-internetot-04.jpg

Ограничете ја видливоста на неговата онлајн активност

Социјалните мрежи како Фејсбук и Инстаграм дозволуваат да контролирате кој ќе ги гледа вашите објави, па ако вашето дете има профил, регулирајте го ова.

Најдобро помогнете му да ги направи неговите профили приватни, односно неговите објави и податоци да можат да ги гледаат само оние кои му се пријатели.

9-soveti-so-koi-kje-go-zashtitite-vasheto-dete-od-opasnata-strana-na-internetot-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg