9 совети со кои ќе го заштитите вашето дете од опасната страна на интернетот
Објаснете му дека постои „онлајн репутација“
Штом нешто било објавено на интернет, голема е веројатноста засекогаш да остане таму.
Објаснете му на вашето дете дека она што го пишува и објавува онлајн може да има огромно влијание врз неговата репутација во иднина.
Кажете му и дека ако објавува недолична содржина, користи вулгарен јазик и слично, платформите и социјалните мрежи што ги користи можат да му ги блокираат профилите.
Советувајте го да не ја користи опцијата за разговор на „мултиплеер“ игрите
Денес огромен број видеоигри имаат „мултиплеер“ опција каде што играчите можат да играат со или против други играчи, а овде можат и да си разговараат.
Но, бидејќи и во овој случај некој може да се претставува лажно и да го натера детето да му даде лични податоци и слично, најдобро советувајте го детето да не разговара со другите играчи.
Во случај детето да инсистира да разговара со соиграчите, бидете во иста соба за да можете да слушнете што зборува.
Нормално, проверете и дали играта што ја игра вашето дете е соодветна за неговата возраст.
Избришете ги зачуваните податоци за плаќање од онлајн продавниците
Вашето дете брзо може да научи како да си порача нешто онлајн, а навистина ќе му ја олесните работата ако на онлајн продавниците ви се зачувани податоците за вашата сметка.
Најпрво кажете му на детето дека не може да си порачува онлајн без ваша дозвола, а за да бидете сигурни дека нема да ви стигне огромна сметка, избришете ги овие податоци и внесувајте ги само по потреба.
Научете го да се однесува учтиво и онлајн
Навистина е лесно да се пишуваат коментари полни омраза кога некој е „скриен“ зад екран, но тоа не значи дека ова е правилно.
Научете го вашето дете да се однесува учтиво и културно без разлика дали разговара во живо или онлајн.
Објаснете му и што значи „сајбер булингот“ и кажете му задолжително да ви каже ако тоа е жртва на такви лоши коментари.
Објаснете му што е во ред за објавување, а што не
Веќе спомнавме дека вашето дете треба да знае дека не смее да споделува податоци за себе онлајн. Тоа не треба да споделува ни податоци за неговите другари, родители, роднини и слично.
Кажете му дека е многу подобро да биде анонимен онлајн, отколку сите да знаат сè за него, бидејќи некогаш некој може да ги злоупотреби тие информации.
Добро би било и да не споделува многу, по можност воопшто фотографии од него.
Всушност, најдобро би било да се консултира со вас секојпат кога сака да објави нешто.
Спирова С. | Црнобело