„Мамо, јас сум мал и исплашен затоа плачам – издржи, сега си ми најпотребна“
Мамо, кога се чувствуваш немоќна и како да немаш повеќе што да дадеш, кога мислиш дека не си постигнала ништо и двајцата плачеме, знај дека посакувам да можам да зборувам и да ти кажам: „Постојат причини зошто те избрав тебе.“
Мамо,
Сè што гледам сега си ти... Знам дека светот ти се промени откако дојдов јас и понекогаш се чувствуваш уморно, напуштено и осамено. Но, запомни дека јас сум тука и јас не сум осамен затоа што ти си ми сè на мене.
Ти си мојот свет сега. Тој еден ден, многу наскоро ќе порасне и ќе се прошири, но сега ми требаш ти.
Иако уште се запознаваме, ти ме знаеш подобро од кој било друг. Исто така јас те познавам тебе и знам дека сега мислиш дека нема да спиеш без будење никогаш повторно, но нема да биде така. Ќе спиеш. Двајцата ќе спиеме. Но, јас сум мал и исплашен. Не манипулирам со тебе.
Само сакам да те почувствувам, да ме допреш, да го слушнам твоето срцебиење блиску до моето. Ми недостигаш.
Кога се прашуваш која си и ги вртиш твоите очи кон огледалото, знај дека твоето лице ќе го барам кога и да постигнувам нешто – првите чекори, првата насмевка, првиот збор, првата неволја. Твоето лице ќе го барам во толпата и секогаш ќе те пронаоѓам.
Кога се чувствуваш немоќна и како да немаш повеќе што да дадеш, кога мислиш дека не си постигнала ништо и двајцата плачеме, знај дека посакувам да можам да зборувам и да ти кажам:
„Постојат причини зошто те избрав тебе. Затоа кога плачам си ми потребна, сакам да ме држиш и тешиш кога имам болки, сакам да ме кренеш и да бидеме едно повторно. Кога е темно и се појавуваш ти, мојот страв исчезнува. Кога се будам навечер одново и одново и те барам, а ти се бараш себеси, само сакам да се најдеме некако двајцата.
Сите денови исполнети со ништо за мене се сè. Нема да спијам на твоите гради повеќе наскоро. Мојот плач ќе се претвори во зборови. Ќе ти се насмевнам и ќе ти кажам – Те сакам мамо.“
Сега, може ли да полежиш малку подолго со мене? Нема секогаш да ми бидеш потребна на овој начин. Но, сега си ми потребна. Те молам остани.