„Омажи се за мажот што ја чисти кујната – ако те сака ќе го направи тоа“
„Додека возев накај дома одлучив да исчистам, пред да го измијам лицето и да си легнам, па замислете ја насмевката на моето лице кога влегов во беспрекорно чистата кујна. Маж ми го направил тоа.“
Се омажив за маж што знае да ја исчисти кујната и тоа ја направи целата разлика.
Ќе ви појаснам...
Пред неколку вечери излегов со пријателките, веднаш по вечерата, а зад себе оставив нерасчистена маса и полн мијалник со валкани садови. Мразам кога ја оставам кујната нечиста, но навистина доцнев, со едната рака нанесував маскара, а со другата се обидував да ја облечам ќерка ми во шпилхозните.
По излегувањето, додека возев накај дома одлучив да исчистам, пред да го измијам лицето и да си легнам, па замислете ја насмевката на моето лице кога влегов во беспрекорно чистата кујна. Мојот сопруг го направил тоа. За мене тоа е љубов.
Да, мојот брак не е совршен!
Сум ги изневерила очекувањата на сопругот повеќепати отколку што би сакала да признаам, а и тој кажал погрешни зборови понекогаш.
Имавме лоша навика да водиме сметка за тоа „кој го направи тоа“ и „кој заборави повторно да го направи тоа“.
Ги споредувавме вложеното време и труд и колку добро била завршена работата.
Многу бев лута што еден ден тој си спиеше, а јас се разбудив во 5 часот наутро со моето бебе и барав да стане веднаш и да го фрли ѓубрето затоа што „Нели може да ја почувствува миризбата?“
Не сме секогаш успешни.
Но, голем број денови, успеваме.
Се бориме во животот како тим, затоа што тоа значи да бидеш во брак.
Да му помогнеш на партнерот кога навистина му требаш.
Да бидеш таа личност на која што тој може да смета.
Да му дадеш поддршка, храброст и признание, кога животот е исполнет со обврски и мора да се потсетиш дека да се биде во брак е благослов.
Ова е вистинскиот живот, а не романтична комедија.
Бракот е партнерство, а не натпревар.
Тоа е засекогаш и секогаш, секојдневен избор да сакаш и да негуваш некого.
И, ако, како мене, сте многу среќни... Вашиот сопруг без да знаете ќе ја исчисти кујната само затоа што ве сака.