6 причини зошто некои деца се оддалечуваат од нивните родители кога ќе пораснат

Од потценување на проблемите на детето, па сè до споделување на работите што ги кажало во доверба, постојат многу причини зошто некои деца се оддалечуваат од своите родители кога ќе пораснат.

6-prichini-zoshto-nekoi-deca-se-oddalechuvaat-od-nivnite-roditeli-koga-kje-porasnat-01.jpg

Неретко се случува откако ќе пораснат, децата да се оддалечат од своите родители. Иако тие уште ги сакаат и ценат, сепак не постои истата близина.

Децата не споделуваат детали од нивниот живот со мајката и таткото, не им се доверуваат за проблеми, не бараат помош од нив, а ова може да биде навистина болно за родителите.

Во повеќето вакви ситуации, причината за оддалеченоста на децата може да биде и грешка на родителите.

Па, кои се грешките што треба да ги избегнувате?

Дозволувате вашето лошо расположение да влијае врз детето

Ова не значи дека треба да ги криете емоциите од вашето дете, туку не треба да дозволите тие да влијаат врз вашиот однос со него.

Ако сте лошо расположени, немојте да го игнорирате детето, немојте да избувнувате пред него и не го терајте да мисли дека тоа е одговорно за вашите негативни емоции.

Ако постојано го правите ова, детето ќе почне да се повлекува и нема да ви пристапува во миговите кога мисли дека сте лошо расположени.

02.jpg

Го игнорирате кога сака да ви каже нешто

Дури и ако сте зафатени, немојте да го игнорирате детето ако сака да ви каже нешто. Секогаш одвојувате барем минута-две за да го ислушате или да му одговорите на прашањето.

Во спротивно, детето ќе мисли дека не го цените, дека не ви е важно и со текот на времето ќе почне да се оддалечува од вас.

03.jpg

Не ја почитувате неговата потреба за простор кога се чувствува лошо

Кога ќе забележите дека детето се чувствува лошо, нормално дека ќе сакате да разговарате за тоа, но немојте да бидете нападни.

Ако во тој миг на детето му треба да биде само, не настојувајте да разговарате. Оставете го да се смири, да си ги среди мислите и емоциите и кога ќе биде подготвено за разговор, самото ќе ви пријде.

04.jpg

Ги банализирате неговите проблеми

Само затоа што вашето дете е мало, не значи дека неговите проблеми се неважни.

Дури и ако вам проблемот ви изгледа смешно, штом детето сака да разговара за тоа, за него дефинитивно е сериозно. Па, ислушајте го и помогнете му да најде решение.

05.jpg

Им кажувате на другите работи што детето ви ги кажало во доверба

Никогаш немојте да ги споделувате тајните на вашето дете со другите. Исто така, никогаш немојте да го исмејувате за она што го прави или кажува.

Вам можеби сето ви изгледа слатко и забавно, но без разлика колку е мало, детето ќе се чувствува повредено и предадено.

06.jpg

Не му дозволувате да биде независно

Децата се свесни дека зависат од нивните родители, но некогаш сакаат да се почувствуваат како независни личности, макар и за ситници.

Ако детето инсистира и може само да заврши некои обврски, не му забранувајте.

Немојте да го надгледувате секој чекор на детето и дозволете му само да се справи со некои обврски.

07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg