Жена од САД открива како е да се биде родител во Кина: „Што ми беше најчудно?“
„Во Кина, ако детето добие вошки, треба да го чувате дома, повозрасните веднаш ќе ви кажат што мислат за тоа како го одгледувате вашето дете“ – вели оваа Американка што имала можност две години да живее во Пекинг.
Американката Синди Мери Џенкинс имала можност две години заедно со сопругот и двете деца да живее во Пекинг, Кина, а за Insider таа го пренесува искуството за тоа како изгледа да си родител во Кина.
Нејзината објава:
„Во 2019-та година заедно со сопругот и двете деца се преселивме во Пекинг, и таму живеевме две години. Прочитав сè што можев да најдам за животот со семејство во Кина, но некои работи морав да ги искусам сама.
Прво, повозрасните немаат проблем да го кажат сопственото мислење за начинот на кој ги одгледувате децата. Ова делумно потекнува од големата почит кон повозрасните во Кина и од тоа што повозрасните членови на семејството се мошне вклучени во животот на нивните внучиња.
Ако сте излезени во парк, без разлика на тоа какво е времето надвор, тие ќе дојдат да ви кажат дали детето е соодветно облечено во однос на температурите. Не е важно тоа што не ги разбирате што говорат, лесно ќе им ја сфатите поентата.
https://www.instagram.com/p/B5CylQepwHZ/?utm_source=ig_web_copy_link
Во САД непознатите луѓе најчесто само ќе ве погледнат чудно, но, нема да ви кажат што мислат и најверојатно ќе сметаат дека вие како родител најдобро знаете дали вашето дете треба да носи капа или не.
Кога моето помало дете се врати дома со вошки, немаше никакви средства за третман. Фармацевтите и лекарите немаа ништо што би можело да ни помогне. Родителите во Кина вообичаено само им ги бричат главите на децата и ги чуваат дома сè додека не ги исчистат.
Бевме изолирани неколку недели додека се обидував да го исчистам детето со шампон и со чешел. По неколку разговори во групите со родителите, една пријателка од австралиската амбасада ми даде шише со шампон против вошки, а во тој миг бев подготвена да платам и со златници за да го добијам лекот.
https://www.instagram.com/p/B26ckJXJ6AN/?utm_source=ig_web_copy_link
Подоцна дознав во локалната болница дека има третман, но мора да знаете што треба да побарате и во главно третманите вклучуваат рачно отстранување на паразитите (тоа што јас го правев), третман со шампон (тоа што успеав да го добијам на крај), бричење на главата или употреба на електричен чешел.
Во кинеските училишта задолжително се изучува англиски јазик, а некои деца почнуваат да го изучуваат уште во претшколска возраст. Честопати ни се случуваше дечиња што не ги знаеме да доаѓаат да разговараат со нас за да можат да го вежбаат јазикот.
Учителите на нашиот син беа шокирани од информацијата дека тој нема дополнителни часови по кинески јазик еднаш неделно, затоа што сметавме дека тоа што оди во билингвално училиште со задолжителни часови по јазикот би било сосема доволно.
https://www.instagram.com/p/BzUSDAJJAnh/?utm_source=ig_web_copy_link
Лошото беше што тој доста заостануваше зад врсниците, но стана мотивиран сам да учи, наместо ние со сила да го тераме.
Мојата пријателка со потекло од Кина прво се противеше на модерниот тренд за ангажирање на 'јуесао' постпородилна дадилка и готвачка, но потоа го прифати. Мене ова ми се чинеше екстравагантно, особено ако се земе предвид дека имаме 4 месеци платено породилно отсуство.
Но, откако увидов колку многу нејзината 'јуесао' ѝ помогна по породувањето, сфатив дека сум во заблуда. Бев жртва на американскиот концепт дека мајките треба да направат сè сами.
По 'јуесао', семејствата ангажираат 'аји' што се преведува како 'тетка', но во суштина значи слугинка, дадилка, готвачка, дадилка за миленичиња, некој што плаќа сметки, што пазари – сè што му треба на семејството.
https://www.instagram.com/p/B5wO8WbJ3Xy/?utm_source=ig_web_copy_link
Мислев дека не ми треба таква помош, затоа што децата ми одеа во училиште и јас работев од дома. Потоа сфатив колку многу напор треба да вложам за да се навикнам на непознатиот град и да го научам јазикот, па сфатив зошто помошта од „аји“ е добредојдена и е голема привилегија. Нашата „аји“ знаеше подобро да се снајде во маркетите и ни помагаше со секојдневната комуникација на кинески јазик и ми помогна со обврските.
Ова ни помогна да му дадеме нова перспектива на нашиот начин на одгледување на децата и да одлучиме како сакаме да продолжиме понатаму.
Сакаме нашите деца да разберат дека 'американското' искуство не е единствено и најдобро. Сакаме да ги научиме дека некогаш е добро да прифатите нови идеи, да ги почитувате другите и да прифаќате нови авантури.“
https://www.instagram.com/p/B6W0_BOph46/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело