Не носите резервна облека, постојано доцните - Навики на родителите што можеби им пречат на вработените во градинките

Родителите на мали деца знаат колку сила и енергија е потребно да стигнат наутро да ги однесат децата во градинка, па потоа да продолжат со нивниот работен ден. Понекогаш во брзање сите родители знаат да направат грешки, што на вработените мошне им пречат. Кои се тие?

ne-nosite-rezervna-obleka-postojano-docnite-naviki-na-roditelite-shto-mozhebi-im-prechat-na-vrabotenite-vo-gradinkite-01.jpg

Шарон Бирч е вработена во градинка во Обединетото Кралство, а таа за британски Sun открива кои навики на тамошните родители мошне им пречат на вработените таму.

Да ги погледнеме одблиску, па можеби ќе се најдеме и себеси во некои од навиките што и ние тука ги правиме како родители, а за кои навистина не сме размислиле дека можеби им пречат на вработените.

Доколку и вие практикувате некои од овие навики можеби е вистинско време малку да размислите и да се поправите.

Не носите резервна облека

Вашето дете го поминува целиот ден во градинката, може да се случи да се извалка, да се измокри или пак облеката што сте му ја облекле да не му е удобна и да е потребно да го пресоблечат.

stoenje-vo-hodnik-begaj-da-ne-te-vidi-koi-naviki-na-roditelite-im-prechat-na-vrabotenite-vo-gradinkite-02.jpg

Чекање во ходникот без потреба

Додека ве гледа како бесцелно стоите во ходникот детето само станува повознемирено.

stoenje-vo-hodnik-begaj-da-ne-te-vidi-koi-naviki-na-roditelite-im-prechat-na-vrabotenite-vo-gradinkite-03.jpg

Бегање без да ве види детето

Уште полошо од бесцелното стоење во ходник е детето да не ве види дека си заминувате и да не се поздравите со него, затоа што ќе биде уште повеќе вознемирено.

stoenje-vo-hodnik-begaj-da-ne-te-vidi-koi-naviki-na-roditelite-im-prechat-na-vrabotenite-vo-gradinkite-05.jpg

Не ја проверувате чантата на детето

Во чантата честопати се случува да има нечиста облека од претходниот ден.

stoenje-vo-hodnik-begaj-da-ne-te-vidi-koi-naviki-na-roditelite-im-prechat-na-vrabotenite-vo-gradinkite-06.jpg

Не ги информирате вработените дека детето не е во најдобра здравствена состојба

Децата може да се разболат наеднаш (додека се во градинка), но добро е вработените да знаат за сите проблеми со кои би можеле да се соочат со вашето дете.

stoenje-vo-hodnik-begaj-da-ne-te-vidi-koi-naviki-na-roditelite-im-prechat-na-vrabotenite-vo-gradinkite-07.jpg

Кога без најава некој непознат доаѓа да го земе детето

Затоа постојат протоколи и не може кој било да дојде да го земе детето.

stoenje-vo-hodnik-begaj-da-ne-te-vidi-koi-naviki-na-roditelite-im-prechat-na-vrabotenite-vo-gradinkite-08.jpg

Подмитување на децата со колачиња и чоколада

Можеби ако го „подмитите“ со чоколадо наутро ќе го натерате детето да направи сè што ќе посакате, но тоа го нарушува неговиот распоред за исхрана.

stoenje-vo-hodnik-begaj-da-ne-te-vidi-koi-naviki-na-roditelite-im-prechat-na-vrabotenite-vo-gradinkite-09.jpg

Доцнење

Вработените воспоставуваат рутина со вашите деца, а понекогаш ако задоцните тоа ги нарушува веќе воспоставените норми и му предизвикувате стрес на сопственото дете.

stoenje-vo-hodnik-begaj-da-ne-te-vidi-koi-naviki-na-roditelite-im-prechat-na-vrabotenite-vo-gradinkite-10.jpg

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg