„По 12 години заеднички живот, со сопругот почнавме да спиеме одвоено – што се случи?“

„Сега кога сакаме да бидеме интимни, само се гледаме и се прашуваме: ’Кај тебе или кај мене‘“ – вели новинарката во својата исповед за тоа како со сопругот одлучиле да спијат во различни кревети.

 po-12-godini-zaednichki-zhivot-so-soprugot-odluchivme-da-spieme-odvoeno-zoshto-sega-sme-posrekjni-od-koga-bilo-01.jpg

Новинарката Кели Бурч за Insider напиша искрена исповед во која појаснува како изгледа нејзиниот живот откако со сопругот по 12 години брак одлучиле да спијат во различни кревети. Таа вели дека искрено жали што оваа одлука не ја донеле порано.

 

Во продолжение проследете ја нејзината исповед во целост:

„'Дали сè е во ред?' – ми шепнува пријателката со загрижен израз на лицето.

'Никогаш не сум била подобро. Сериозна сум' – ѝ одговарам.

Ние сме во спалната соба во мојот дом и таа треба да ми даде идеи за реновирање. Знаев дека го постави тоа прашање не затоа што е загрижена за уредувањето, туку затоа што наместо еден голем кревет во собата имаме два обични кревети до ѕидовите.

Со ноќната масичка меѓу креветите, нашата соба наликува на хотелска соба.

'Ова е една од најдобрите одлуки што сме ги донеле' – ѝ велам.

Кога станува збор за спиењето јас и сопругот сме сосема различни. Јас сакам да се превртувам, а тој спие како труп. Јас собирам ќебиња и перници, а нему му треба само најнеопходното. Тој му дозволува на кучето да спие на креветот, јас сум опседната со чисти чаршафи.

po-12-godini-zaednichki-zhivot-so-soprugot-odluchivme-da-spieme-odvoeno-zoshto-sega-sme-posrekjni-od-bilo-koga-02.jpg

Со години се измачувавме секоја ноќ.

Како родители на две мали деца што не ја преспиваат ноќта, секогаш сме исцрпени. Нашите различни навики за спиење само уште повеќе ни го нарушуваа сонот.

Кога се преселивме во нова куќа со поголема спална соба, почнавме да се шегуваме дека ќе почнеме да спиеме во различни кревети.

Според голем број луѓе, делењето кревет се врзува за сексот и интимноста. Секогаш кога и да бевме блиску до идејата да почнеме да спиеме во различни кревети, бевме загрижени што ќе мислат луѓето, па дури и мислевме дека ќе ни ја наруши поврзаноста.

Постои долга историја на брачни двојки што спиеле во различни кревети, па и во различни соби. Ние веруваме во нашиот брак и знаевме дека оваа одлука нема да ни штети – само може да нè направи посреќни.

Минатата година со семејството живеевме во мал трејлер. Во еден кревет спиевме ние, нашите две ќерки и кучето. Сопругот почна да спие во друг кревет во другиот дел од трејлерот.

Иако бевме попречувани од децата и од кучето, сепак спиевме подобро откако бевме разделени. Ова беше тоа што ни требаше за да донесеме конечна одлука.

Пред да го продадеме трејлерот, го сменивме душекот и имавме еден душек вишок.

'Ќе спиеме одвоено' – му реков на сопругот и нарачав кревет, го поставив во аголот и си легнав сама.

po-12-godini-zaednichki-zhivot-so-soprugot-odluchivme-da-spieme-odvoeno-zoshto-sega-sme-posrekjni-od-koga-bilo-2.jpgфото: freepik.com

Кога по долгиот ден ќе си легнам, можам да се раширам, да се завиткам во покривачот и тоа е единствен период кога можам да правам што сакам, без да мислам на никој друг освен на себеси.

Тоа што одлучивме да спиеме раздвоени само уште повеќе ни го зацврсти бракот. Веќе не се расправаме за тоа кој кого будел во текот на ноќта. Се будиме одморени.

Кога и да говорам за тоа како спиеме со другите луѓе и тие признаваат дека сакаат да спијат одвоено. Јас и сопругот знаеме што е најдобро за нас, жалам само што дозволивме поради општествениот притисок толку долго да ја одолговлекуваме оваа одлука.

Што се однесува до сексуалните односи, ништо не се менува. Сега кога сакаме да бидеме интимни, само се гледаме и се прашуваме: 'Кај тебе или кај мене'?“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg