Кога тато ќе ти направи фризура: Маж ја потстрижал 3-годишната ќерка, сопругата заплакала кога ја видела (фото)

Кога Џордан ја потстрижал неговата 3-годишна ќерка бидејќи сметал дека косата ѝ пречи, неговата сопруга Марла сакала да заплаче штом го видела крајниот резултат – многу кратки и криви шишки.

koga-tato-kje-ti-napravi-frizura-mazh-ja-potstrizhal-3-godishnata-kjerka-soprugata-zaplakala-koga-ja-videla-foto-01.jpg

30-годишниот Џордан од Англија решил да ја потстрижи неговата 3-годишна ќерка, но неговата сопруга, 25-годишната Марла, сакала да заплаче кога ја видела новата фризура на ќерка си. Како што вели самата, нејзината ќерка имала фризура како Спок од Star Trek, па сега му забранила на сопругот да прави што било со косата на нивната ќерка.

koga-tato-kje-ti-napravi-frizura-mazh-ja-potstrizhal-3-godishnata-kjerka-soprugata-zaplakala-koga-ja-videla-foto-06.JPG

„Можам да кажам дека татко ѝ има забрана да ја допре нејзината коса. Изгледаше ужасно. Бев разочарана и гневна. Ми требаа неколку недели да се соземам“, вели мајката која сега се смее за целата ситуација.

koga-tato-kje-ti-napravi-frizura-mazh-ja-potstrizhal-3-godishnata-kjerka-soprugata-zaplakala-koga-ja-videla-foto-04.JPG

Наводно, Џордан ѝ спомнал на Марла дека на ќерка им ѝ треба потстрижување и се понудил самиот да го направи тоа. Иако Марла го советувала да не ја допира косата на ќерка им бидејќи веројатно знаела што ќе се случи, Џордан се чувствувал доста самоуверено, па сепак ја потстрижал.

Прво случајно скратил повеќе коса отколку што планирал, па обидувајќи се да ја израмни, ѝ направил криви шишки кои навистина изгледаат смешно.

koga-tato-kje-ti-napravi-frizura-mazh-ja-potstrizhal-3-godishnata-kjerka-soprugata-zaplakala-koga-ja-videla-foto-02.JPG

„Бев кај мајка ми кога решил да ја потстрижува. Не ми кажа сè додека не дојде да ме земе од кај мама. Влегов во автомобилот, ќерка ни беше во нејзиното седиште. Кога ја видов се запрепастив. Тивко плачев во автомобилот…“

koga-tato-kje-ti-napravi-frizura-mazh-ja-potstrizhal-3-godishnata-kjerka-soprugata-zaplakala-koga-ja-videla-foto-09.JPG

Марла вели дека Џордан го погодил и совршениот момент за да ѝ прави фризура на ќерка им – само неколку денови подоцна, девојчето требало да се фотографира во градинка. Уште полошо е што ова била првата ваква фотографија за неа.

koga-tato-kje-ti-napravi-frizura-mazh-ja-potstrizhal-3-godishnata-kjerka-soprugata-zaplakala-koga-ja-videla-foto-03.JPG

Но, најважно е дека на малото девојче му се допаднала фризурата.

„Всушност, таа беше многу среќна и ми рече ’Тато ми ја направи фризурата – ти се допаѓа ли?‘ Постојано им ја покажуваше фризурата на сите и им кажуваше дека ѝ ја направил татко ѝ“.

koga-tato-kje-ti-napravi-frizura-mazh-ja-potstrizhal-3-godishnata-kjerka-soprugata-zaplakala-koga-ja-videla-foto-07.JPG

Дали некогаш вам ви направиле ваква фризура во детството?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„На роденденот на ќерка ми дојдоа само 2 деца, а се најавија 10 – Родители, бидете поодговорни“ „Десет родители ни кажаа дека нивните деца ќе дојдат и бидејќи бевме во игротека...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg