„Имам пет деца, од кои два пара близнаци, се будам и се молам да се добро расположени“

„Наутро се будам и се молам дека ќе бидат расположени да ми помогнат“ - оваа 24-годишна жена има пет деца на возраст под 5 години. Таа родила два пара близначиња во само три години и тоа по природен пат, а во семејството немаат други близнаци.

zhena-24-koja-ima-pet-deca-od-koi-dva-para-bliznaci-se-budam-i-se-molam-da-se-raspolozheni-poluduvam-no-gi-sakam-01.jpg

Надин Робертсон (24) од Велика Британија има пет деца. Во 2017-тата година таа ја добила ќерката Исла, во 2018-тата таа станала мајка на ќерките близначки Оливија и Ајви, а годинава добила уште еден пар близначиња.

zhena-24-koja-ima-pet-deca-od-koi-dva-para-bliznaci-se-budam-i-se-molam-da-se-raspolozheni-poluduvam-no-gi-sakam-02.jpg

Она што особено изненадува е дека близначињата ги добиле по природен пат, а ниту Надин, ниту нејзиниот сопруг Фил немаат историја на близнаци во семејствата.

zhena-24-koja-ima-pet-deca-od-koi-dva-para-bliznaci-se-budam-i-se-molam-da-se-raspolozheni-poluduvam-no-gi-sakam-03.jpg

Новороденчињата се стари околу 10 недели, а седумчленото семејство живее во куќа со четири спални соби. Близнаците делат по една соба, а најстарата ќерка Исла има сопствена соба.

zhena-24-koja-ima-pet-deca-od-koi-dva-para-bliznaci-se-budam-i-se-molam-da-se-raspolozheni-poluduvam-no-gi-sakam-04.jpg

Надин вели дека честопати се соочува со прашања од луѓето на улица дали близнаците ги добила со ин витро.

zhena-24-koja-ima-pet-deca-od-koi-dva-para-bliznaci-se-budam-i-se-molam-da-se-raspolozheni-poluduvam-no-gi-sakam-05.jpg

„Секојпат кога ќе излезам луѓето ме застануваат на улица. Штом видат дека имам две бебиња во количката и уште две мали деца со мене, веднаш коментираат. За мене не е толку невообичаено бидејќи сум члeнка на голем број групи за мајки на близнаци на Facebook и гледам дека голем број луѓе имаат по два пара близнаци“ – вели таа.

zhena-24-koja-ima-pet-deca-od-koi-dva-para-bliznaci-se-budam-i-se-molam-da-se-raspolozheni-poluduvam-no-gi-sakam-06.jpg

Коментарите од другите луѓе најчесто се различни, при што едни ја прашуваат како се справува со пет деца, а други директно прашуваат дали правела ин витро.

„Најчесто повозрасните луѓе ме прашуваат дали сум правела ин витро, но не сум правела. Првпат кога ми го поставија ова прашање навистина бев вознемирена. Зошто, ако имав едно бебе никој немаше да ме праша дали сум ги родила по природен пат или сум правела ин витро? Но, сега сфаќам, дека луѓето се само љубопитни“ – вели таа.

zhena-24-koja-ima-pet-deca-od-koi-dva-para-bliznaci-se-budam-i-se-molam-da-se-raspolozheni-poluduvam-no-gi-sakam-07.jpg

Што се однесува до тоа како се справува со пет деца, таа вели:

„Само гледам да го поминам денот, да бидам искрена. Се будам и се надевам дека ќе бидат расположени да ми помогнат. Лудо е, но, ги сакам“ – вели таа.

Во продолжение повеќе фотографии од децата:

zhena-24-koja-ima-pet-deca-od-koi-dva-para-bliznaci-se-budam-i-se-molam-da-se-raspolozheni-poluduvam-no-gi-sakam-08.jpg

zhena-24-koja-ima-pet-deca-od-koi-dva-para-bliznaci-se-budam-i-se-molam-da-se-raspolozheni-poluduvam-no-gi-sakam-09.jpg

zhena-24-koja-ima-pet-deca-od-koi-dva-para-bliznaci-se-budam-i-se-molam-da-se-raspolozheni-poluduvam-no-gi-sakam-10.jpg

zhena-24-koja-ima-pet-deca-od-koi-dva-para-bliznaci-se-budam-i-se-molam-da-se-raspolozheni-poluduvam-no-gi-sakam-12.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg