Исповед на актерка: „Дојам веќе 7 години без престан, дури и додека сум бремена – исцрпена сум“
„Денес е 2728-ми ден како дојам без престан. Некои денови сум исцрпена и посакувам само да си го добијам телото назад. Други денови сум благодарна за ова искуство. Во моментов сè уште ја дојам ќерката додека сум бремена по четврти пат и ќе продолжам по третпат да дојам две деца истовремено“ - споделува американската актерка Тереза Палмер.
Тереза (35) е позната по тоа што игра во филмот A Discovery of Witches, а со својот сопруг Марк Вебер имаат три деца: синовите Боди Рејн (7) и Форест Сејџ (4) и ќерката Поет Лејк (2), а наскоро треба да го добијат и четвртото бебе.
По повод Светската недела на доењето (01 - 07. август), актерката Тереза на својот Инстаграм профил објави повеќе фотографии со доење, до кои напиша емотивна исповед за сè она што го искусила во последните 7 години, откако за првпат почнала да го дои првото дете, синот Боди Реин, во 2014:
„Денес е 2728-ми ден како дојам без престан. Почнав да дојам на 17-ти февруари 2014-тата година кога се роди мојот прв син. Го доев сè додека не порасна и додека бев бремена со второто дете, по што прифатив и двете да ги дојам заедно една година.
Потоа продолжив да го дојам мојот втор син додека бев бремена со мојата ќерка и повотрно ги доев двајцата заедно. Во моментов сè уште ја дојам ќерката додека сум бремена по четврти пат и ќе продолжмм по третпат да дојам две деца истовремено за неколку недели.
Некои денови е тешко. Мошне сум исцрпена и посакувам само да си го добијам телото назад. Други денови сум мошне благодарна што можам да го славам ова искуство со моите бебиња“ – пишува таа.
Додава дека се чувствува привилегирано што имала избор да дои, затоа што не секоја жена ја има таа привилегија.
„Жените треба да се слават без разлика на тоа колку ги дојат бебињата, без осудувања“ – вели таа и додава дека во минатото и сама била жртва на пишувања во медиумите за тоа како доела во јавност и за тоа зошто заедно ги доела двете деца.
Инаку, Тереза често објавува семејни фотографии на својот Инстаграм профил.
Повеќе фотки од Тереза и нејзините емотивни, мајчински моменти:
Б. С. Б. | Црнобело